Probios

Image Probios

 

Image

 

Органски кус кус од наут и црвена леќа - без глутен, 250g

Полуготов производ за чија подготовка се потребни само 5 минути. Посебноста на овој производ е во неговиот состав. Се состои од 100% мешунки - наут и црвена леќа. Не содржи глутен, а содржи големо количество протеини и претставува извор на влакна. Направен е само од брашно од мешунки, а погоден е за сите кои сакаат да пробаат храна со еден нов оригинален вкус. Погоден е и за лица кои имаат потреба да го исклучат глутенот од својата исхрана или бараат производи кои содржат протеини и растителни влакна. Посебниот начин на обработка на брашното од мешунки му дава на производот посебен вкус, способност за задржување на формата при варењето и подобра апсорпција на сосовите.

 

 

Предлог рецепт за 3-4 лица:

Во сад за варење се става 250g кус кус, се размешува и се додава 250ml топла (не врела) вода. Се покрива и остава да стои 2 минути, додека да се добие посакуваната конзистенција. Потоа се додава сол, 1 лажица маслиново масло, се промешува и подготвено е за конзумирање. Се сервира по желба, со зеленчук, мешунки, тофу или сејтан.

Image

 

IL NUTRIMENTO Органска зелка, 330g

Вкусен органски производ. Можност во секое време да имате органска квалитетна зелка готова за употреба. Практичен за излети и патувања. Претставува извор на растителни влакна и на витамин Ц поради што поволно делува на перисталтиката на цревата и отпорноста на организмот. Може да се користи со или без претходно готвење, како додаток на салати, самостојно како прилог или во комбинација со друг зеленчук.

Image


IL NUTRIMENTO  Органска лупина во саламура, 480g

Органски производ со висока содржина на протеини. Може да се користи како апетисан, за ужина или салати. Лупината е растение од фамилијата на мешунки и е карактеристична за медитеранот и Југоисточна Европа. Податоци за нејзино култивирање може да се сретнат уште од античко време. Тоа е едногодишна грмушка од која за исхрана се користи семето. Најчесто се препорачува потопување на семето во солен раствор пред негова употреба. Поради богатите нутритивни карактеристики, но и слаткиот вкус на зрната употребата на лупината е разновидна. Доста се користи и за производство на снегулки, вегански сосови, тофу или брашно - како алтернатива за соја, зависно од видот на растението и степенот на слаткоста. Одредени студии укажуваат на тоа дека лупината придонесува во намалување на нивото на холестерол во организмот, посебно нелупените зрна. Многу фитнес ентузијасти, посебно веганите ја користат лупината во својата исхрана поради богатиот протеински состав. Протеините на лупината ги содржат сите есенцијални амино киселини. Освен протеини содржи и каротеноиди, витамин Е, калиум, калциум, магнезиум и железо.

 

Органски маслинки 

Маслинките се еден од благодетите кои природата ни ги подарила. Познато е дека маслиновото гранче е симбол на мир, добрина и надеж. Старите народи ги сметале за симбол на мудроста, а поради богатиот нутритивен состав нивната употреба во исхраната има и значајни здравствени придобивки. Литературните податоци покажуваат дека маслинките содржат значајни 1-3% фенолни компоненти за кои што е познато дека поседуваат антиоксидантно, антимикробно, антихипертензивно, противвоспалително, кардиотонично, лаксативно дејство. Други значајни компоненти на маслинките се: органски киселини, пигменти, пектин, како и витамини и минерали. Можат да се сретнат најразлични видови по големина и боја, со семка или без семка, полнети со пиперче.

Image


 

IL NUTRIMENTO, Органски полнети црни маслинки во саламура 480g

 

Органски црни маслинки без семка и полнети со пиперчиња, со додаден ловоров лист. Ловоровиот лист како митолошко растение освен што дава посебен вкус кој одлично се надополнува на вкусот на маслинките, поседува и одредени здравствени бенефити поткрепени со научни сознанија. Поволно делува на варењето на храната и поседува антимикробно својство. Во Стара Грција видовитите пророци го џвакале ловоровиот лист бидејќи верувале дека ќе ја зголеми нивната видовитост, а војниците го носеле со себе, бидејќи верувале дека на тој начин боговите ќе им бидат наклонети.
Image


IL NUTRIMENTO, Органски зелени маслинки во саламура 480g -  BELLA DI CERIGNOLA
“Bella di Cerignola” се маслинки кои своето име го добиле по италијанскиот град Cerignola од каде потекнуваат и се едни од најстарите култивирани маслини. Тие се најголемите познати маслинки, карактеристични за јужно италијанската кујна. Најчесто се продаваат со семки кои им овозможуваат да ја оддржат својата текстура во саламурата во која се потопени. Одличен избор се за подготвување на ордевери.

Image


IL NUTRIMENTO, Органски црни маслинки во саламура 480g

За љубителите на црни маслинки, органски и вкусни маслинки во саламура. Идеални за употреба во најразлични комбинации, зависно од вашата желба и имагинација.
Image

 

IL NUTRIMENTO, Органски зелени маслинки без семка во саламура 480g

За сите љубители на маслинки без семка, органски одгледувани зелени маслинки со посебенн вкус. Може да се употребуваат по желба во најразлични комбинации или самостојно.