Probios

Image Probios

 

Image

 

 

 

Panito - Органски интегрални солени крекери - без глутен, 150g

 

За љубителите на солени закуски, органски интегрални солени крекери без палмино масло и без глутен. Направени се од интегрално брашно од елда, брашно од наут и ладно цедено маслиново масло. Вкусни и извор на растителни влакна, погодни за пикник и забави.

Image

 

 

Panito - Органски солени крекери со домат и босилек - без глутен, 150g

Органски солени крекери без глутен и без палмино масло, подготвени од оризово брашно, брашно од наут и ладно цедено маслиново масло. Збогатени со сушен домат, кромид и босилек, се одличен избор за љубителите на крцкви крекери со зачинет вкус. Извор на растителни влакна и вкусна закуска за сите кои имаат проблеми со глутен.

Image


Органски колач од ориз со кокос и какао - без глутен, 25g  

За сите сладокусци кои имаат проблем со глутенот, вкусен органски крцкав какао колач подготвен од оризово брашно, брашно од просо и киноа. Без палмино масло и полнет со крем од кокос кој му дава специфичен мирис и вкус.
Image

 

Органски џем од капини - без глутен, 400g

Органски џем од диви капини и без глутен. Засладен со органски шеќер од шеќерна трска, во фамилијарно пакување од 400g.  Дивите капини се вкусни плодови кои содржат витамин Ц и витамини од Б - групата, железо, калциум, натриум, флавоноиди, танини, органските јаболчна и винска киселина и растителни влакна. Во органскиот џем на Probios дивите капини се застапени со 67g на 100g готов производ. Вкусно, здраво и хранливо! 

Image


IL NUTRIMENTO, Органски мајонез од соја, без глутен, 150g  

Нов органски сертифициран производ од развојната лабораторија на Il Nutrimento – Probios. Мајонез од соја, без јајца и без глутен, во практично пакување во туба. Во својот состав содржи органски напиток од соја, јаболков оцет, лимонов сок, сончогледово масло. За сите љубители на мајонез кои внимаваат на исхраната, органскиот мајонез од соја е одлична алтернатива на мајонезот подготвен од јајца. Погоден за вегани, со одличен и едниствен вкус, кој навистина треба да се проба!

 

Image


IL NUTRIMENTO, Органски мајонез од соја, со ѓумбир и куркума, без глутен, 150g

Уште една иновација од лабораторија на Il Nutrimento – Probios, за која што компанијата има добиено награда за единствен таков производ кој може да се најде на пазарот.  Производот ја доби наградата “Bio Awards”на Bio&Consumi списанието организирано од  Tespi Mediagroup, на Сана саемoт  во Италија (http://www.probios.it/en/sana-2017-winning-edition-for-probios/). На базичниот мајонез од соја, додадени се куркума и ѓумбир, што мајонезот го збогатува нутритивно, а во исто време му дава и специфичен вкус и мирис. Одличен за салати, сендвичи и рецепти во кои се вклучени мајонез и зачини. Може да се додаде на некој од Вашите омилени крекери, при подготвување на канапеи и многу други комбинации зависно од Вашата желба и имагинација.
Image


 

IL NUTRIMENTO, Органски сос од домати, двојно концентриран, без глутен, 170g

Органски сертифициран производ од органски домати во практично туба пакување. Може да се употребува за збогатување на вкусот на сосовите за паста или за правење кечап, или како намаз и додаток за вашите омилени сендвичи. Производот е без глутен и погоден за вегани.
Image

 

 

Органско златно ленено семе-без глутен, 500g

Суровото златно ленено семе е органски сертифициран производ кој претставува извор на растителни влакна и протеини. Покрај тоа содржи и лигнани, омега 3 и омега 6 незаситени масни киселини во повисока концентрација во однос на кафеното ленено семе. Од минералите застапени се манган, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен. При подготовката производот не се изложува на температура повисока од 42°С, поради што се задржани природните нутритивни вредности. Погоден за лица кои преферираат сурова храна и лица кои имаат проблеми со глутен. Истражувањата покажуваат дека употребата на лененото семе во исхраната поволно делува кај лица кои имаат проблеми со холестеролот и го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни заболувања.