Probios

Image Probios

 

Image

 

  Rice&Rice -Органски крцкав тост со оризово брашно, без глутен, 300 g (6 пакувања x 50g)

Глутен интолеранцијата станува се поприсутен пробем во нашето секојдневие, а оттаму и потребата за изнаоѓање на прехранбени формулации кои ќе им го олеснат животот на лицата кои треба да користат безглутенска храна.

Еден од тие производи е крцкавиот тост на Probios кој може да се употребува самостојно или како додаток на разни видови на салати, како прилог во предјадење, да се намачка со разни видови овошни или зеленчукови безглутенски намази кои можат да се најдат во  нашите продажни места. Во случај на стомачни  вирози кога треба да се внимава на режимот на исхрана, кај лица со целијакија крцкавиот тост без глутен е одлично решение. Погоден и практичен во 6 засебни пакувања од по 50 g. 

   Крцкавиот тост во својот состав содржи пченкарен скроб, оризово брашно 6%, скроб од компир, сончогледово масло 4%, квасец: Saccharomyces cerevisiae, декстроза, сол, брашно од семе на рогач и соја лецитин како емулгатор.

   Органско, крцкаво и без глутен!

Image

 

Rice&Rice Органски крцкав тост со интегрално оризово брашно, без глутен, 300 g (6 пакувања x 50g)

Органски крцкав тост е безглутенски производ подготвен од интегрално оризово брашно и збогатен со семе од лен, сончоглед и киноа. Содржи 6 пакувања по 5 парчиња, практични посебни пакувања, погодно за конзумирање и надвор од домот. Може да се употребува во најразлични комбинации, а присуството на семиња му дава посебен вкус.

Се состои од пченкарен скроб, интегрално оризово брашно 6%, ленено семе 4%, сончогледово масло 4%, сончогледово семе 3%, квасец: Saccharomyces cerevisiae, декстроза, брашно од киноа 1,5%, сол, брашно од семе на рогач, соја лецитин како емулгатор.

Image

 

Leo Органска паста Виножито - Farfalle, 250 g

Поставете ги боите на виножитото на Вашата трпеза!

Виножито од бои преточено во органски сертифицирана паста во форма на машнички. Пробајте го вкусот на природните бои во вашите омилени тестенини зачинети по ваш вкус.

Фарфале тестенините во својот состав содржат гриз од органска пченица и вода, надополнети со природна арома и боја од спанаќ, цвекло, куркума и пиперка кои го збогатуваат вкусот на производот. Може да се употребуваат самостојно или збогатени со прелив или сос по сопствен вкус.

Упатство за употреба: ставете 100g од пастата во 1L зовриена вода, додадете 1 лажичка сол и гответе додека тестенините не се подготвени по Ваша желба, а потоа исцедете.

Добар апетит.

Време на готвење: 7-8 минути

Image

 

Leo Органска паста Виножито - Tagliolini, 250 g

Органски таглиолини тестенини подготвени од гриз од органска пченица, вода, со природни бои и ароми од спанаќ, цвекло, куркума и пиперка. Како и фарфале пастата може да ги користите самостојно или да додадете прелив или сос.

Упатство за употреба: ставете 100g од пастата во 1L зовриена вода, додадете 1 лажичка сол и гответе додека тестенините не се подготвени по Ваша желба, а потоа исцедете.

Добар апетит.

Време на готвење: 7-8 минути

Image

 

IL NUTRIMENTO Органско песто со сирење – Alla Genoveze, без глутен, 130 g

Пробајте го автентичниот вкус на италијанската кујна !

Органски сертифициранa сос паста со италијански состојки. Типичен за тестенини и реномиран ширум светот. Направен е од свеж босилек и миризливи семки од бор (пињоли) искршени до кремаст вкус. Ја има автентичноста карактеристична за сите италијански домашни сосеви подготвени во италијанските кујни од дамнини. Посебниот вкус се надополнува со додаденото сирење пекорино (италијанско тврдо сирење) и пармезан.

Се состои од босилек 39%, ладно цедено маслиново масло, сончогледово масло, пармезан 7%, семки од бор 5,9%, лимонов сок, снегулки од компир, сирење пекорино 1,5%, морска сол, лук 0,8%.

По отварањето се препорачува да се прелие со масло, да се чува во фрижидер и да се искористи во рок од неколку дена.

Препуштете се на Вашите сетила и уживајте во вкусот на органското песто со сирење Alla Genoveze!