Purasana

Image Purasana

 

Од реномираната белгиска компанија

Biovita bvba Белгија и познатиот бренд
Purasana
досегашниот наш асортиман го зголемуваме со следните нови производи:

Image

 

Органска мешавина од киноа инстант во прав и какао, 200g

Органски сертифициран производ за сите возрасти лесно растворлив во течности. Идеален за вегани и вегетаријанци. Без глутен, лактоза и соја, со висока содржина на калиум, фосфор, магнезиум, железо, бакар, манган и извор на витамин Б1, калциум и аминокиселини. Киноата е семе слично на житарките поради што е позната и како псевдожитарка. Богата е со протеини и лесно се вари во организмот. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Содржината на протеини во киноата може да се спореди со таа на млекото, а споредено со житните производи, киноата не содржи глутен, лесно се вари во организмот и има пријатен вкус. Со додадените какао и лукума во производот се зголемува неговата нутритивна вредност и се добива подобар вкус. Се раствораат 3 лажички во 300 ml смути, млеко (растително), овошен сок, а може да се додаваат во јогурти, десерти или житарки за доручек. Исто така може да го комбинирате и со други супер храни.

Бидете инвентивни и експериментирајте со додавање на супер храните во вашите омилени рецепти!

Image

 

Органска мешавина од мака и какао во прав, 200g

Мешавина со високи нутритивни вредности, без глутен, лактоза и соја, погодна за вегани. Богата со витамин Ц, железо и бакар, извор на калиум, калциум, фосфор и магнезиум. Во својот состав содржи мака на која и се додадени какао и лукума кои го неутрализиран нејзиниот специфичниот вкус. Маката како извор на енергија, придонесува во подобрување на физичките и интелектуалните способности, како и за подобрување на либидото. Во производите на Purasana маката е желатинизирана, односно форма во која врските во скробните ланци се раскинати, со што се олеснува нејзината апсорпција. Какаото е богато со калиум, фосфор, магнезиум, калциум, цинк и бакар, а лукумата која се карактеризира со низок гликемиски индекс ги поддржува ефектите на маката и му дава пријатен, сладок вкус на производот. Комбинација со антиоксидантни карактеристики, која дава повеќе енергија и е идеална за спортските ентузијасти. Се раствораат 3 лажички во 300 ml смути, млеко (растително), овошен сок, а може да се додаваат во јогурти, десерти или житарки за доручек. Исто така може да ја комбинирате и со други супер храни.

Image

 

SUPER FOOD Органски плод од баобаб во прав, 200g

Производ кој се состои од 100% органски и суров плод од баобаб во прав (Adansonia digitatа L) од Сенегал, без глутен, лактоза и соја, погоден за вегани. Баобабот е дрво широко распространето во саваните и сувите области на Африка и може да достигне висина и до 20 метри. Ова дрво има долга историја на употреба во човечката исхрана. Плодовите се собираат многу внимателно и по берењето се крши и отстранува цврстата надворешна обвивка од плодот, а се собира и користи внатрешноста. Плодот на баобаб е познат по присуството на големо количество витамин Ц и растителни влакна, а содржи и протеини и минерали како калциум, калиум, магнезиум.  Производ кој се повеќе станува популарен. Поради својата висока нутритивна вредност, може да го користат и деца, а често се користи и како дел од нискокалорични диети. Одличен за спортисти. Се раствораат 3 лажички во 300 ml смути, млеко (растително), овошен сок, а може да се додаваат во јогурти, десерти или житарки за доручек. Исто така може да го комбинирате и со други супер храни.

Image

 

Органско агаве во прав, 200g

Природен органски сертифициран засладувач кој е погоден и за вегани. Агаве во прав се добива од слаткиот нектар на синото агаве, вариетет познат по своите карактеристики како засладувач, кој расте на југот на Мексико на вулканска почва. Фамилијата Agavaceae содржи 136 вариетети, кои по формата се слични на кактус или јука. Агаве е извор на добро познатиот пребиотик инулин. Овој производ е посладок од шеќерот, но со понизок гликемиски индекс (GI 26), лесно е растворлив и може да се користи како засладувач по потреба во различни видови на јадења. Идеален за засладување на бебешка храна, овошно пире, десерти, колачи, мусли...Можете да го додадете и во Вашите омилени коктели.

Image

Органски суров полен, 250g

Органскиот суров полен во гранули е богат со витамини Б1, Б2, Б9 и Е, бакар, селен, фосфор, калциум, калиум, цинк, а претставува извор на витамин Ц. Содржи амино киселини (треонин, валин, метионин, изолеуцин, леуцин, лизин, триптофан) и фенолни компоненти (кемферол, изорамнетин, рутин, лутеолин, фитостероли). Се добива така што пчелите  го собираат поленот од растенијата и го мешаат со својот нектар. При собирање на поленот, максимум 50% се вади од кошницата, а остатокот се остава за потребите на самите пчели. Поради изобилството на диви цветови во шпанските полиња, поленот од Шпанија е познат по својата чистота и висок квалитет. Има висок антиоксидантен капацитет (ORAC 15100 µmol), придонесува за одржување на виталноста и е поддршка во подобрување на имунитетот. Може да се раствори во смути, млеко, сок, житарки или десерти.

Image

SUPER FRUIT Суви јагоди засладени со сок од јаболко, 150g

Различни видови на јагоди во Европа се увезени од Северна и Јужна Америка во текот на 17ти век. Тие се нискокалорично овошје кое што е богато со растителни влакна и е извор на природни шеќери, витамин Ц, натриум, калциум, фосфор, магнезиум, железо и антиоксидантни компоненти. Производ кој што е без глутен и лактоза, погоден за вегани. Може да се консумираат самостојно или да се додадат во јогурт, житарки, милкшејк, десерти и во разни комбинации согласно вашата желба и имагинација.
Image


SUPER FRUIT Органска сува брусница засладена со органски сок од јаболко, 200g

Брусницата е овошје кое е предмет на многубројни научни истражувања и е познато по своите антиоксидантни и антимикробни својства. Поради овие свои својстав употребата на брусницата посебно се препорачува при појава на уринарни инфекции. Содржи витамин Ц, калиум, калциум, фосфор, железо, магнезиум, бакар, цинк. Полифенолите кои ги има во својот состав се компоненти со силно антиоксидантно дејство, со што многу ефикасно го штити организмот од слободни радикали и ја подобрува општата психофизичка состојба. Може да се консумира самостојно или да се додаде во јогурт, житарки или милкшејк.