Purasana Super Shakes

Image Purasana Super Shakes
Image

 

 

SUPER SHAKE RED BOOST - Органски шејк, 200g

Единствена, добро избалансирана органска супер мешавина и природен извор на енергија. Комбинација од здрави природни состојки, со лесно прифатлив вкус. Во својот состав содржи мака во прав, морков, протеини од грашок, гоџи, цвекло, банана, домат, лукума, агаве, баобаб, инулин, кокосов шеќер, гуарана, црна рибизла, и природна арома. Содржи 15g растителни влакна и 12g протеини. Маката претставува извор на енергија, придонесува во поддршка на организмот при физички и интелектулни активности и го подобрува либидото. Гуараната дава виталност и енергија. Мешавина која е погодна за вегани, без глутен, лактоза и соја, Кошер сертифицирана и идеална за лица кои се занимаваат со зголемена физичка и интелектуална активност. Може да се пие во било кое време  (освен пред спиење) или кога Ви е потребна поголема енергија.

Начин на подготовка: Се раствораат 3 лажички во 300 ml млеко, овошен сок, пијалок од зеленчук или пијалок по Ваш вкус и потоа убаво се мешаат во шејкер или миксер 15 секунди. Се препорачува напитокот да се испие веднаш по подготовката. 

Image

 

SUPER SHAKE COCO-CHOCO - Органски шејк со какао и кокосово млеко, 200g

Органски шејк - мешавина од повеќе компоненти, базирана на какао во прав и кокосово млеко со лесно прифатлив вкус. Покрај какао и кокосово млеко во својот состав содржи и банана, соја протеин, физалис, баобаб, лукума, агаве, инулин, кокосов шеќер, поленов прав, хималајска сол и природна арома. Содржи 21g растителни влакна и 17g на протеини. Составните компоненти изобилуваат со голем број на фитохемиски соединенија, што на напитокот му дава висока нутритивна вредност.  Вкусен начин да уживате во даровите на природата. Погоден е за вегани, без глутен и лактоза и Кошер сертифициран.

Начин на подготовка: Се раствораат 3 лажички во 300 ml млеко, овошен сок или пијалок по Ваш вкус и потоа убаво се мешаат во шејкер или миксер 15 секунди. Се препорачува напитокот да се испие веднаш по подготовката.