Probios

Image Probios
Image

Nuts&Bio – органски крем со лешници и какао, без глутен, 400g 

За љубителите на крем од лешници и какао - органско, вкусно и здраво слатко задоволство!

Произведен во Италија - земјата каде што се најпознатите мајстори за оваа категорија на производи и од каде потекнува првиот најпознат крем од лешници и какао во светот.

Италијански крем од паста од лешници, какао во прав со ниска масленост, млеко во прав, шеќер од шеќерна трска, оризово брашно, сончогледово масло, лецитин и природна арома. 

Сладок крем кој  може да се користи на повеќе начини: 

- На традиционален италијански начин со мачкање на кришка леб

- Може да се намачка и на разни пецива, кекси, галети...

- Често се користи како состојка во разни колачи, давајќи им посебен вкус и арома

- Во многу француски градови ваквите кремови се служат со исечкано овошје, како што се банани и јагоди, а може да се користи и како состојка во глазури.

Image

 

Органска мешавина за супа со амарант, ориз и киноа, без глутен, 300g

Единствена мешавина за супа од амарант, интегрален бел ориз, интегрален црвен ориз, бела киноа, црн грав, лупен грашок. Неодолив вкус и извор на протеини, сложени шеќери, растителни влакна, витамини и минерали. Одлична комбинација за сите поборници на здравиот начин на исхрана и диетите за слабеење. Може да се подготвува самостојно како супа или вариво или надополнето со зачини по вкус. Така подготвена и испасирана може да биде и хранлив и здрав оброк за вашите дечиња.

Image

Органска мешавина за супа со јачмен, 300g

Подготвена мешавина за супа од житарки и мешунки. Во својот состав содржи: лупен јачмен, лупен овес, интегрална црвена леќа, лупен грашок и лупен наут. Комбинираната употреба на мешунки со житарки е одлична стратегија за балансирана исхрана и надминување на проблемите со неурамнотежена исхрана. Значајно е да се напомене дека протеините кај мешунките се комплементарни, односно се надополнуваат со тие кај житарките, па ваквите мешавини освен што се вкусни обезбедуваат и одлична комбинација на нутритивни состојки кои се неопходни за правилно функционорање на човечкиот организам.

Уживајте во плодовите и вкусовите од ризницата на природата !