Probios

Image Probios
Image

 

Вкусен здрав, органски и вегански оброк !

Органски вегански кроасан од спелта пченица, 175 g (5x35g) 

Органски сертифициран производ без палмино масло, со агаве сируп и природен квасец. Тестото на овој вегански кроасан е подготвено од спелта пченица и шеа путер. Природната арома на ванила која е застапена ќе Ви овозможи  да уживате во убавиот вкус на овој кроасан. Практичен оброк кој може да го користите самостојно или во комбинација со некои од нашите органски растителни млека!

Image

 

Органски вегански кроасан од пченично брашно, со чоколаден крем, 225 g (5x45g)

За љубителите на чоколадо, веган кроасан засладен со агаве сируп, 20% чоколаден крем и природна арома на ванила и лимон. При производството на тестото за кроасанот се употребува природен квасец, кој се користел долго време пред комерцијалниот квасец, а се добива од вода и паста од брашно. Нараснувањето се одвива под природни услови и е побавно и посложено во споредба со тоа кога се употребува комерцијалниот квасец, процес кој му дава посебен вкус и подобра заштита на производот.

Image

 

Органски колачи од ориз и елда, прелиени со чоколадо и карамел, без глутен - quadrette, 90g

За нашите потрошувачи кои имаат проблеми со глутенот Zegin Healthy Food донесе нов колач кој е подготвен од интегрален ориз и елда во сооднос 80:20, прелиен со бела чоколада и природната арома на карамел. Во услови на потопла клима, на површината на колачите може да се појават траги во вид на флеки, од какао путерот. Тоа е нормална појава и не влијае на квалитетот на производот.

Image

 

Органски колачи од ориз, прелиени со темно чоколадо и кокос, без глутен - quadrette, 90g

Овој органски сертифициран производ е без глутен, подготвен од интегрален ориз и прелиен со темно чоколадо. Чоколадниот вкус е надополнет со рендан органски кокос на површината.
Во услови на потопла клима, на површината на колачите може да се појават траги во вид на флеки, од какао путерот. Тоа е нормална појава и не влијае на квалитетот на производот.
Image

 

IL NUTRIMENTO

Органски грашок во вода, 340g

Нутритивната вредност на грашокот како претставник од фамилијата на мешункасти растенија веќе одамна ни е позната. Разликата во овој органски грашок на Probios од останатите е во тоа што е подготвен и спакуван во рок од 6 часа по неговото берење, поради што неговиот вкус е единствен и несекојдневен. Како производ е веќе подготвен за употреба. Доволно е само малку да го загреете и да го употребите во Вашите омилени рецепти со грашок.

Уживајте во новиот вкус на добро познатиот грашок !

Image

 

IL NUTRIMENTO

Органска соја едамаме во вода, 200g

Познато е дека сојата има значајна улога во човековата исхрана, особено во азиските земји поради својата голема нутритивна вредност. Многубројните научни испитувања покажуваат дека употребата на сојата во исхраната го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања, остеопороза, па дури и од неоки видови на малигни заболувања. Изофлавоните како фитоестрогени хормони кои се присутни во сојата исто така се предмет на многу истражувања, кои го покажуваат нивното позитивно дејство на човечкиот организам. Органската соја како производ е подложена на многубројни анализи според строгите правила и регулативи за производство на органски производи кои го гарантираат нејзиниот квалитетот и здравствената исправност. Разликата од нам веќе познатата соја и едамаме е во зрелоста на зрното. Едамаме зрната се собираат рачно додека се млади и меки во самата мешунка. Зрната се слаткасти поради природното присуството на сахароза и слободни амино киселини чија содржина во таква форма  во подоцнежниот период од зреењето се намалува. Името едемаме потекнува уште од 1275 година кога јапонските монаси како подарок ја оставале во храмовите. Има помала калориска вредност од зрелата соја речиси за половина, содржи есенцијални амино киселини, витамини, минерали Многу се користи во кујните на Кина, Јапонија, Кореја и Хаваи. Се готви на водена пареа или во малку солена вода. Едамаме сојата на Probios е соодветно спакувана во рок од 6 часа по берењето и е веќе подготвена за употреба. Доволно е само малку да се загрее.

 

За подготовка на брз оброк со големо количество на протеини!

Image

 

Panito, Органско тесто за пица, без глутен, 330 g (2x165g)

За љубителите на теста пицата претставува задоволство на кое тешко може да му се одолее. Кога станува збор за лица кои имаат проблеми со глутенот или ги избегнуваат производите со глутен во својата исхрана, органското тесто за пица на Probios е вистински избор. Содржи 2 парчиња кои се спакувани засебно. Погодно за вегани и без палмино масло.  Во својот состав содржи оризово и брашно од елда; пченкарен, компиров и тапиока скроб.

Како да го подготвите?

На тестото се става сос и потребните состојки за пица по избор. Рерната се загрева на 180°С и во неа во соодветен сад се става 200ml вода, со цел при печењето да се добие водена пареа. Се додава подготвената пица и се пече 15-18 минути.

Image

 

Органски кус кус од пченка - полуготов сув производ, 500 g

За да го почувствувате вкусот на ориентот неизбежно е да пробате кус кус, кој е традиционално јадење на земјите од тоа поднебје. Овојпат Ви нудиме органски пченкарен кус кус кој може да го подготвите за само 5 минути !

Предлог рецепт за 3-4 лица: Во сад за варење се става 2 лажицу ладно цедено маслиново масло и 250g пченкарен кус кус. Се размешува, се додава 300ml врела вода и прстофат сол. Се покрива и остава да се готви 2 минути, без мешање. Потоа се додаваат 2 лажици ладно цедено маслиново масло, се промешува и оброкот е веќе подготвен за консумирање. Се сервира по желба, со зеленчук, мешунки, тофу или сејтан.

Image

 

IL NUTRIMENTO Органско доматно пире, 200 g

Органското доматно пире е концентрат кој што е добиен од италијански домати. Може да се користи за готвење на различни јадења, сосови и тестенини. Одличен производ за сите кои сакаат да си подготват домашен вкусен кечап по сопствен рецепт.