Probios

Image Probios
Image

Органски тестенини,специјалитет од грашок - без глутен, 250g 

Oргански сертифициран производ, без глутен кој содржи големо количество растителни влакна и протеини кои придонесуваат за одржување на мускулната маса.

Probios тестенините, специјалитет без глутен, направени се само од брашно од мешунки, погодни за сите кои сакаат да пробаат тестенини со еден нов оригинален вкус. Погодни се и за оние кои имаат потреба да го исклучат глутенот од својата исхрана или бараат производи кои содржат протеини и растителни влакна. Посебниот начин на обработка на брашното од мешунки на производот му дава посебен вкус, задржување на формата при варењето и подобра апсорпција на сосовите.

Image

Органски макарони од елда - без глутен, 250g

Во категоријата на тестенини макароните од елда кои се органски сертифициран производ се без глутен и претставуваат добар извор на растителни влакна. Одлчна алтернатива за лица кои се алергични на глутен, а на кои им се допаѓа вкусот и хранливата вредност на елдата. Елдата (Fagopirum esculentum) е растение од фамилијата Polygonaceae, познато уште 6000 години п.н.е., кога растела како диво растение во Тибет, Сибир и Манџурија. На Балканот е донесена од Татарите, а потоа раширена и низ цела Европа. Позната е и под името „Житарка на Сарацените“.

Линијата Altri cereal вклучува производи без глутен, базирани на житарки и други растенија, познати по своите нутритивни вредности, а како алтернатива на пченката и оризот.

Image

Органски бисквити од киноа, елда и семе од афион - без глутен, 35g

Зегин Хелти Фуд како реномирана компанија секогаш е во тек со новините кои ги носи европскиот и светскиот пазар на органска храна. Како една таква новина е и овој производ кој претставува единствена комбинација од киноа, елда и семе од афион, вкусна и хранлива закуска за поборниците на здравиот начин на исхрана и лица кои се алергични на глутен. Производот не содржи палмино масло и квасец и е одличен извор на растителни влакна.

Image

Органски мини грисини од ориз, со сусам - без глутен, 100g

Од категоријата на грисини за потрошувачите кои имаат проблем со глутенот, а ги обожуваат солените закуски, особено децата, во нашите продавници од сега веќе ќе може да го најдат и овој нов производ. Направен е од пченкарен и оризов скроб и збогатен со семе од сусам и одличен извор е на расителни влакна.

Image

Органски бел и црвен вински оцет, 500ml

Во секојдневната исхрана оцетот е често употребуван производ. Како новина во нашите продавници сега ќе можете да ги набавите и овие два нови видови на оцет произведени од висококвалитетно органско бело и црвено грозје.

Произведени се по традиционален метод со зреење во дрвени буриња и без загревање во процесот на обработка, со цел да се задржат природните нутритивни карактеристики. Погодени се за салати, разни видови јадења или за подготвување зимница.