Purasana протеини

Image Purasana протеини

ПРОТЕИНИ?

Протеините се основни градбени и функционални единици, потребни за раст и развој на ткивата, вклучувајќи ја кожата, коските, очите и што е најважно, мускулите. Конзумирањето на протеините е од суштинско значење во нашата секојдневна исхрана, бидејќи се извор на аминокиселини. Протеините се состојат од 20 аминокиселини, кои се делат на есенцијални и неесенцијални. Есенцијалните амино киселини не може да се генерираат во организмот, односно човечкиот организам не е во состојба да ги произведе. Зависно од амино киселинскиот состав некои протеини се сметаат дека се комплетни”, што значи декаво својот состав ги содржат сите есенцијални аминокиселини. Месото и јајцата се комплетен извор на протеини, но не секој може или сака да ги консумира, затоа што тие, исто така, имаат и некои недостатоци. Затоа постојат различни извори на протеини достапни во форма на прав: сурутка од млеко од животинско потекло и растителни извори на протеини од грашок, соја, семе од коноп, ориз, семки од тиква и семки од сончоглед.

Здрава и лесно сварлива храна како и соодветна физичка активност се основните елементи на здравиот начин на живот. Во овој синџир на исхрана растителните протеини како значајна алка се повеќе се консумирааат на дневна основа низ целиот свет.

Согласно новите стилови на живеење и исхрана, денешното општество се наоѓа во пресвртница кога станува збор за употреба на производи од животинско потекло, па оттука и протеините од растителни потеклостануваат се позначајни. Органските растителни протеини се здрав, хранлив и лесно сварлив извор на храна, што не го оптоварува телотобез антибиотици, хормони и холестерол.Органските и растителните производи се и ќе останат иднината. Дали сте знаеле дека нашата исхрана има поголемо влијание на животната средина отколку сообраќајот? За производство на производи од животинско потекло потребно е повеќе вода, енергија и гориво. Затоа, изборот на растителна храна помага во намалување на негативните влијанијата врз животната средина.

Дали сте знаеле дека околу 50% од населението во Индија се вегетаријанци? Во многу земји, како што се САД, Канада, Блискиот Исток, Велика Британија и други европски земји, овој процент брзо се зголемува кон 10-15% во сите општествени слоеви на населението. Се повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за вегетаријански начин на живеење и ја намалуваат или елиминираат употребата на месоод нивната исхрана.

 

Кој користи растителни протеини?

Повеќето луѓе сеуште ги поврзуваат протеинските производи со бодибилдери и зголемување на мускулната маса, но ова не е точно, бидејќи секој може да користи растителни протеини.

Вегетаријанците и веганите, кои ги исклучуваат производите од животинско потекло во својата исхрана. Растителните протеини може да го заменат месото, сојата и млечните производи. Зеленчукот, овошјето и разните растителни извори на протеини ја формираат основата за здрав начин на живот.

Врвните спортисти и спортските ентузијасти, кои ги познаваат предностите на растителните протеини како што се висок профил на аминокиселини, лесна сварливост, без закиселување на телото, итн.

Лицата со лактозна нетолеранција.

Оние лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина или да ја одржуваат под контрола без можните јо-јо ефекти.

Лицата кои стареат, бидејќирастителните извори на протеини се добар начин за одржување на мускулната маса и подвижноста (мобилноста).

Лицата кои сакаат да ги заменатужинките со протеински шејкови.

Децатакои се во фаза на раст и развој, студентите, лица кои се занимаваат со интелектуална работа и лицатакои работат физичка работаисто така може да имаат корист од овие различни извори на протеини.

Секој кој сака да ја зголеми дневната доза на протеини во својата исхрана.

Лицата кои сакаат да се одлучат за најеколошкото решение за нашата планета! 

 

Како да се одберат соодветните органски протеини?

Мешавини од органски протеини - Овие протеини имаат просечно ниво на протеини и се погодни за: вегетаријанци, вегани, деца, студенти, љубители на сурова храна. Идеални за мешавина со брашна за разни видови леб, колачи и тестенини. Погодни и за други целни групи и секоелицесопотребазапоголемвнеснапротеини.

Мешавина од органски протеини во прав од грашок и ориз - Погодни за закрепнување, недостиг на апетит, спортски ентузијасти, постари лица, за одржување на мускулната маса

и секоелицесопотребазапоголемвнеснапротеини.

 

Зошто да изберете PURASANA?

Широк спектар

Спектарот на производи нуди широк избор на различни видови на протеини и од двата вида, растителни протеини и протеини од сурутка. Поединечни или во комбинација со други видови, со или без природна арома, со многу висока или пониска содржина на протеини. По нешто за секого.

Висок квалитет

PURASANA внимателно ги тестира сите состојки и ги одбира само оние со највисок квалитет. 100% органски(растителни) протеини со премиум квалитет, богати со есенцијални амино киселини, фитонутритиенти и омега 3 масни киселини.

Сертифицирани

Производите не содржат ГМО, глутен, соја, лактоза (освен протеинот од сурутка). Веган  и  Кошер сертифицирани производи(освен протеинот од сурутка).

Практично пакување

Практично пакување, што може повторно да се затвори со мерна лажичка за да се обезбеди соодветната дневна доза.

Image
Zoom
SHAPE-CONTROL_CHOCOLATE

 

Вегански протеински шејк со вкус на чоколадо + суперхрана и зелен чај


Без глутен, лактоза и соја.

Веганскиот протеински шејк на Purasana е нова генерација на протеини во прав базиран на протеини од грашок, кои лесно се варат, со висок аминокиселински профил, со екстракт од зелен чај, коњак и мешавина од спирулина, хлорела, пченична и јачменова трева, кои содржат голема количина на нутриенти. Балансот меѓу протеините и јаглехидратите овозможува подобра апсорпција на аминокиселините. Има големо количество на протеини, а ниска содржина на масти. Спирулината придонесува за одржување на нормалната телесна тежина.

Состојки: протеини од грашок, шеќер од кокосов цвет *, какао во прав*, природен вкус на чоколадо, јачменов слад*, коњак*, пченична трева*, јачменова трева*, спирулина*, хлорела*, екстракт од зелен чај*.

*од органско производство

Image
Zoom
SHAPE-CONTROL_VANILLA

 

Вегански протеински шејк со вкус на ванила + суперхрана и зелен чај

 

Без глутен, лактоза и соја.

Веганскиот протеински шејк на Purasana нова генерација на протеини во прав базирани на протеини од грашок, кои лесно се варат, со висок амино киселински профил, со екстракт од зелен чај, коњак и мешавина од спирулина, хлорела, пченична и јачменова трева, кои содржат голема количина на нутриенти. Балансот меѓу протеините и јаглехидратите овозможува подобра апсорпција на аминокиселините. Има големоколичество на протеини, а ниска содржина на масти. Спирулината придонесува за одржување на нормалната телесна тежина.

Состојки: протеини од грашок, шеќер од кокосов цвет *, природна арома на ванила, *, коњак*, пченична трева*, јачменова трева*, спирулина*, хлорела*, екстракт од зелен чај*, хималајска сол.

*од органско производство

Image
Zoom
VEGAN MIX_PEA & RICE_BANANA_VANILA

 

Мешавина од органски вегански протеини во прав - од грашок и ориз со вкус на банана и ванила

 

Органската мешавина на протеини во прав од грашок и ориз содржи 64% протеини. Протеинскиот изолат од грашок е со висок квалитет и содржи големо количество протеини. Тоа се алкализирачки протеини, со сладок вкус и лесна, мека текстура. Протеините од ориз се хипоалерген извор на протеини, со 80% содржина на протеини. Овие протеини од ориз природно содржат повеќе витамини и минерали. Протеинската мешавина не содржи соја, глутен и лактоза и е погодна за вегани, вегетаријанци, лица со алергии, спортисти.

Состојки:протеини од грашок*, протеини од ориз*, банана во прав*, шеќер од кокосов цвет*, агаве во прав*, инулин*, природна арома на ванила, хималајска сол.

 

*од органско производство

Просечна количина на протеини по порција = 21.41 g протеин.

Image
Zoom
VEGAN SINGLE_RICE BANANA_LUCUMA

 

Органски вегански протеини во прав – од ориз со банана и лукума

Органските протеини во правна Purasana се хипоалерген извор на протеини, од растително потекло, кои лесно се варат. Овие протеини добиени од ориз природно содржат повеќе витамини, минерали и аминокиселини од другите извори на растителни протеини. Не содржат соја, глутен и лактоза и се погодни за вегани, вегетаријанци, лица со алергии, спортисти и сите оние кои имаат потреба за поголем внес на протеини.

Состојки: протеини од ориз*, банана во прав*, шеќер од кокосов цвет *, лукума*, природна арома на банана.

 

*од органско производство

 

Просечна количина на протеини по порција = 19.78 g протеин.

Image
Zoom
WHEY_NATURAL

 

Органски протеини од сурутка во прав

Сурутката се добива од млекото на органски одгледувани крави во Австрија, познати по високиот квалитет. Најмалку  60% од нивната исхрана се состои од трева, детелина и сено, а останатиот дел на храната е во согласност со строгите стандарди за органско производство. Сурутката е течност која се добива како нус-производ од млекото при производство на сирење, а протеинскиот концентрат се добива со филтрирање преку ултрафини филтри и концентрирање со технологијата на спреј сушење. Протеинскиот концентрат од сурутка е извор на амино киселини и се апсорбира во организмот побрзо од концентратите базирани на растителни протеини. Содржи  80% протеини и е погодно за лица коишто рекреативно или активно се занимаваат со спорт, за вегетаријанци и сите оние кои сакаат да го зголемат внесот на протеини.

По желба може да се додадат и природни ароми како кокосов шеќер,агаве сируп, лукума или банана во прав, мед, стевиа, свежо овошје итн.

Состојки: 100% концентрат од органска сурутка, сосодржина на протеини 80%*

*од органско производство

Просечна количина на протеини по порција = 26 g протеин.