Purasana

Image Purasana

Органски суви гоџи бобинки 200g

 

Гоџи бобинките доаѓаат од Хималаите, каде на нативните жители им се познати од многу одамна. Ги користат во традиционалната медицината или како состојки во многу рецепти. Во Азија се нарекуваат “црвени дијаманти”. Западниот дел од светот ги открил во последните десет години и ги означува како супернамирници. Тие се на првото место во САД на топ листите на ORAC (Oxygen Radical Absorbance Capacity). Тоа е скала која ги мери антиоксиднтните својства на храната. Како што е рангирана повисоко на скалата, така храната има поголем капацитет за да ги уништува слободните радикали кои го нарушуваат здравјето, го забрзуваат процесот на стареење и на тој начин стануваме подложни на голем број дегенеративни промени. Не само што имаат исклучително високи нивоа на витамин Ц и туку содржат и многу други хранливи материи и фитохемикалии или фитонутритиенти (аминокиселини, рибофлавин, витамин Б2, витамин Б1, минерали како што се железо, цинк, селен, калциум, калиум незаситени масни киселини, бета-ситостерол, бета-каротен, зеаксантин, лутеин, ликопен, криптоксантин, ксантофил) кои имаат значајни функционални вредности за човечкиот организам во однос на заштитата од разни видови на болести. Гоџи бобинките имаат важна улога во традиционалната кинеска, корејска, јапонска и тибетска медицина во текот на многу години. Гоџи бобинките уште ги нарекуваат и “среќен бобинки” бидејќи позитивно делуваат на расположението, ја подобруваат енергијата и издржливоста на телото.