Purasana

Image Purasana

Органски цветен прав - полен 250g 

Органски и сиров цветен прав од Шпанија.

Богат со витамини Б1, Б2, Б9 и Е, бакар, селен, фосфор, калциум, калиум, цинк. Извор на витамин Ц. 

Цветниот прав – полен е прав од ситни зрна добиен така што пчелите  поленот со микроскопски зрна кој го собираат од растенијата, го мешаат со својот нектар. При собирање на поленот, максимум 50% се вади од кошницата, а остатокот се остава за потребите на самите пчели. Поради изобилството на диви цветови во шпанските полиња, поленот од Шпанија е познат по својата чистота и висок квалитет. Содржи антиоксиданти и есенцијални аминокиселини, а богат е и со Б витамини. Поленот придонесува за одржување на виталноста и како поддршка во подобрување на имунитетот. Богатството од значајни нутритиенти може да се види во неговиот состав на 100 g производ: масти 6,56g, од кои: заситени 0g и полинезаситени масни киселини 1,39g, јаглехидрати 58g, од кои шеќери 0g, влакна 12,8g, протеини 14,2g, сол 0,03g1, витамин Е 18,7mg (155%*), витамин Ц 14,2mg (17,72%*), витамин B1-тиамин 0,8mg (363%*), витамин B2-рибофлавин 0,76mg (54%*), витамин B3-ниацин 4,6mg (28,75%*), калиум 70mg (18,5%*), калциум 138mg (17%*), фосфор 200mg (28%*), цинк 2,26mg (22,6%*), бакар 0,51mg (51%*), селен 37μg (67,27%*), треонин 390mg, валин 470mg, метионин 280mg, изолеуцин 390mg, леуцин 710mg, лизин 630mg, триптофан 100mg, кемпферол 3-0 гликозид 72,6mg, изорамнефин 3-0 гликозид 22,5mg, рутин 49,7mg, лутеолин-7-гликозид 7,6mg, фитостероли 276mg, ORAC 15100 µmol

 

*% од ПДВ (ПДВ – препорачано дневно внесување)

(РВ - референтен внес на просечен возрасен човек (8400 kJ / 2000 kcal)

1 содржината на сол се должи исклучително на природно присутен натриум