Rhino Horn

Image Rhino Horn

Rhino Horn е медицинско помагало наменето за чистење на носните патишта.

Посебно се препорачува при настинка, синуситис, алергија на полен или прав, при проблеми со ‘рчење, бременост,  како и за чистење на носните патишта после оперативен зафат.

Назалното чистење е дел од народната традиција низ целиот свет, но и природен третман во модерната медицинска наука.Назалното чистење со Rhino Hornна лесен и нежен начин ги отстранува корките и честичките од носните патишта. Едноставен за употреба, без штетни несакани ефекти. Назалното чистење со Rhino Horn™ се покажа како многу ефикасно во превенција и третман на вообичаена настинка и воспаление на синусите, а исто така е корисна компонента во третманот на хроничен синузитис.

Лицата со алергија на полен и прашина (на пр. алергија на поленов прав) може да ги намалат непријатните симптоми со користење на Rhino Horn™.

Со употребата на Rhino Horn™ се олеснува симптомот на затнат нос кај бремените жени, што се јавува како резултат на хормоналните промени.

Прекумерната употреба на назален спреј може да им наштети на мукозните мембрани. Солената вода ги прави поотпорни на вируси и бактерии. Топлата солена вода исто така го стимулира природното отстранување на слузта и честичките од белите дробови преку активирање на движењето на цилиите.

Колку често може да се употребува Rhino Horn™?

Rhino Horn™ може да се користи секојдневно. При итна потреба, т.е. во случаи на зголемено присуство на полен, или доколку страдате од потешка настинка или посериозно воспаление на синусите, Rhino Horn™ може да се користи и неколку пати во текот на денот. Нормално, доколку се користи за редовна хигиена, превентивни мерки и за општа благосостојба, доволна е употреба еднаш во текот на денот.

Пред првата употреба

Пред првата употреба темелно исплакнете го Rhino Horn со вода. 

 

Вода

Користете солен раствор на вода, на температура од 37°C (98.60°F).За правилно дозирање на обична кујнска сол (NaCl), користете ја приложената лажичка за дозирање на сол (1 лажичка одговара на 2.7 g сол). Пред употреба затворете го со дланката или прстот отворот на Rhino Horn и протресете неколку пати да се раствори солта. Доколку не сте сигурни за квалитетот на водата за пиење, зовријте ја една минута и потоа изладете на температура на телото (37°C).  Ако сте сигурни во безбедноста, може да се користи без предходно превривање.

 

Испирање на нос

Поставете го врвот на садот во ноздрата што е помалку затната.Притиснете нежно врз ноздрата. Ноздрата треба да се затвори цврсто околу врвот на садот. Внимавајте да не го затворите врвот на садот со носната преграда.

Дишете нормално преку уста.Наведнете се малку нанапред и поставете ја главата над мијалникот.Држете ја брадата блиску до градите, во спротивно водата ќе се врати назад во грлото.

Свртете ја малку главата за да гледате настрана и надоле.Водата ќе протече преку едната ноздра низ другата под дејство на гравитацијата. Потребно е само да дишате правилно и  да ја држите главата во прав агол.

Ако Вашиот нос е многу затнат и водата не тече слободно низ ноздрата, оставете ја да отстои неколку секунди во ноздрата и потоа сменете ги страните. По неколку обиди, топлата солена вода ќе го ослободи притисокот на слузокожата и водата ќе почне да тече слободно – на почетокот по малку, а потоа сé повеќе.

Кога околу половина од водата ќе истече, подигнете ја главата и тргнете го садот. Повторно ќе истече малку вода од носот. Нежно дувнете низ ноздрата за целосно да го испразните Вашиот нос.Не дувајте пресилно за да се избегне надразнување на ушите. Повторете ја постапката со другата ноздра.

Ако имате настинка, синузит или алергиска реакција може да го користите Rhino Horn  неколку пати во тек на денот. Во нормална состојба, хигиена и превенција, доволна е употреба еднаш во тек на денот.

 

Празнење на носот

По користењето на Rhino Horn не смее да остане вода во носот и синусите. Наведнете се напред со главата насочена кон подот. Потоа завртете ја главата на една страна. Затворете ја ноздрата која се наоѓа подоле и дувнете нежно во тенко хартиено шамивче преку отворената ноздра. Бидете внимателни и не дувајте премногу силно за да се избегне надразнување на ушите.

Повторете ја постапката со другата ноздра.

Повторувајте ја постапката повеќе пати се додека тече вода од ноздрите.

 

Чистење на Rhino Horn

По употребата на Rhino Hornиспразнете го садот целосно од вода и оставете да се исуши. Вирусите и бактериите не може да преживеат долго на сува пластична површина.

Rhino Horn може да се мие во машина за садови или да се остави неколку минути во вода што врие.Доколку две лица го користат Rhino Horn еден по друг, потребно е садот помеѓу секоја употреба да се остави неколку минути во вода што врие.