Sophie la girafe

Image Sophie la girafe

Sophie la girafe

Сет глодалка – играчка и прстен 

Наменето за деца 0+ месеци

 

Во соработка со Доктори без граници, со секој купен сет донирате 3 вакцини против мали сипаници

 

Првата глодалка на бебето за стимулирање и развој на бебешките сетила. Глодалката-прстен е идеална за смирување на болните непца при никнување на првите запчиња. Бедбедна и флексибилна глодалка со бројни делови за џвакање.

Вид: Темните претпознатливи точки го привлекуваат вниманието, обезбедуваат визуелан стимулација, со што оваа играчка наскоро станува претпознатлив предмет, што брзо го смирува бебето.

Слух: Звукот што го испушта го засмејува бебето и го стимулира неговиот слух.

Вкус: Sophie la girafe® е флексибилна со бројни делови за џвакање (уши, рогови, нозе). Таа е совршена за смирување на болките на непцата при никнување на првите запчиња. Изработена од 100% природна гума.

Допир: Sophie la girafe® е совршена за малите раце на бебето. Таа е лесна и нејзините долги нозе и врат му овозможуваат на бебето без тешкотија да ја дофати и држи. Мекиот материјал од кој е направена го потсетуваат бебето на мајчината кожа и ја стимулира неговата физиолошка и емоционална реакција.

Мирис: Мирисот на природна гума (од каучуково дрво) ја прави Sophie la girafe® специјална и едноставна за вашето дете да ја идентификува покрај сите негови други играчки.

Начин на одржување: Производот не се стерилизира. Се препорачува чистење на површината со влажна крпа и благ сапун.