Sophie la girafe

Sophie la girafe

Светски хит: Sophie la girafe®- најпознатата глодалка - играчка за прв пат во Македонија, ексклузивно во ЗЕГИН!

Како настанала Sophie la girafe®? 

Приказна за една необична жирафа...

Еднаш многу оддамна родена е една мала жирафа на 25 мај 1961, на денот на Света Софија по кој го добила и името!

Во тоа време на пазарот биле достапни само играчки во форма на домашни животни. Поради тоа, еден ден во Франција, извесен господин Рампо (Rampeau) – француски експерт за изработка на играчки од природна гума – добил идеја наместо веќе видените животни, да направи играчка во облик на жирафа. Ваквата играчка со ликот на егзотично животно била прва на пазарот, а во таква форма и големина идеална за малите бебешки рачиња. 

Sophie la girafe®веднаш стана хит и миленик на сите бебиња и мајки. А како не би? Оваа играчка-глодалка им помага на бебињата да престанат со плачење веднаш штом нивните мајки ќе им ја дадат. 

Зошто и вашето бебе да не ја добие оваа корисна и пред се практична глодалка?

СИТЕ ПОЗНАТИ МАЈКИ КУПИЈА ЗА СВОИТЕ БЕБИЊА Sophie la girafe®

sliki so poznati za Sophie la girafe
Zoom
sliki so poznati za Sophie la girafe

Со продажба од над 50 милиони Sophie la girafe®, таа стана безвременска. На предностите на оваа глодалка не оддолеаа многу познати лица, меѓу кои и британското кралско семејство, каде малата жирафа стана омилена играчка не само на принцот Џорџ, туку и на неговата помала сестра Шарлот. Првиот подарок што кралските наследници го добија од својот дедо, принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, беше токму гумената Sophie la girafe®. Детската хит играчка, што половина век датира на пазарот, е омилена и во домот на реалити ѕвездата Ким Кардашијан, како и меѓу наследниците на познатите холивудски актери Хали Бери, Наоми Ватс, Ума Турман.Со неа ужива и синот на пејачот Елтон Џон, како и ќерката на пејачката Пинк и уште многу други.

Која е всушност Sophie la girafe®?

Станува збор за првата играчка на вашето бебе за стимулирање и развој на сетилата

Слух - Звукот што го испушта кога ќе се притисне го стимулира слухот на бебето

Вид - Темните препознатливи точки го привлекуваат вниманието, обезбедуваат визуелна стимулација, со што оваа играчка наскоро станува препознатлив  предмет која брзо го смирува бебето.

Допир - Мекиот материјал од кој е направена жирафата  го потсетува бебето на мајчината кожа. Ја стимулира психолошката и емоционалната реакција што го смирува бебето и допринесува за негово добро расположение.

Вкус - Жирафата е изработена од 100% природен каучук и е потполно безбедна за џвакање. Меката текстура и бројните делови за џвакање (уши, рогови, нозе) ја прават совршена за смирување на болките на непцата при никнување на првите запчиња.

Мирис - Необичниот мирис на природна гума од Hevea дрвото ја прави Sophie la girafe®специјална и едноставна за вашето дете да ја идентификува покрај сите негови други играчки.

Награди и признанија

Image Награди и признанија

Награда за најдобра бебешка играчка за 2016 година

Image Награда за најдобра бебешка играчка за 2016 година

 

 

Одличен старт во новата година!

Награда за најдобра бебешка играчка за 2016 година по избор на мајките и децата.