TEKMAR-Здрави и вкусни житни барови

Image TEKMAR-Здрави и вкусни житни барови

Исхраната е еден од најважните фактори што го условува доброто или лошото здравје на човекот и влијае на општата состојба на човечкиот организам. За правилно функционирање на сите метаболитички процеси во човечкиот организам потребен е избалансиран внес на сите хранливи материи. На тој начин човечкото тело ја добива потребната енергија за правилен раст и развој. Сите животни намирници не содржат подеднакво исти количини од основните нутриенти: протеини, липиди, јаглени хидрати, растителни влакна, витамини и минерали и поради тоа добрата комбинација на нутриентите е од исклучително значење.

Протеините ја сочинуваат структурата на клетките, но освен тоа имаат и регулаторна, заштитна и транспортна функција. Тие се основа на многу телесни структури (на пр. мускули, кожа, коса) и ги формираат ензимите кои ги контролираат хемиските реакции во телото. Протеините се составени од амино киселини кои се потребни на човечкиот организам за произведување нови протеини и замена на оштетените.

Растителните влакна се исклучително важни прехранбени нутриенти, претставуваат полисахариди (целулоза и хемицелулоза), несварливи се за човечкиот организам, но имаат својство да бабрат поради кое ја подобруваат дигестијата и перисталтиката на цревата. Тие помагаат при состојби на констипација.

Житарките ја сочинуваат основата на нашата исхрана, содржат сложени јаглени хидрати кои споро се разложуваат со што подолго време ја одржуваат ситоста. Житарките се богати со витамини од Б групата, минерали, како манган и селен и се важен извор на енергија.

Пробиотиците се бактериски култури кои имаат цела палета полезни ефекти врз нашето здравје. Општо познатиот назив за пробиотиците “добри бактерии” несомнено е оправдан со оглед на нивната важност во човечкиот организам. Тие првенствено служат да го спречат нарушувањето на цревната флора што е исклучително важно за нормално функционирање на дигестивниот тракт, но исто така служат и за зајакнување на одбранбените способности на органзимот. Едни од пробиотските бактерии кои се докажале како најефикасни при дијареа за време на патување или при дијареа предизвикана од земање антибиотици се Bifidobacterium и Lactobacillus.

 

ТЕКМАР – најголем производител на житни и функционални барови од Словачка

Секој производ поврзан со името на ТЕКМАР претставува квалитет, иновативност и оригиналност. По независно тестирање и евалуација, многу од ТЕКМАР производите се сметаат за врвни производи во својот сегмент.

ТЕКМАР има воспоставено специјализиран оддел со цел да се искористи познавањето на науката и истражувањето да се развијат функционални производи што ги отелотворуваат основните цели - квалитет, иновативност и оригиналност. Развојот на новите видови барови беше спроведен од страна на тим од квалификуван персонал, во соработка со надворешни специјалисти од различни области.

Благодарение на широката соработка на специјалистите, научниците и добавувачите, оваа компанија остварува огромен технолошки развој на нови рецепти на мусли барови со живи пробиотски култури, како и протеински барови со избалансирани мешавини на суровини и растителни состојки. Во тесна соработка со истражувачките партнери, ТЕКМАР постојано развива оригинални производи што содржат важни хранливи состојки. Благодарение на нивниот квалитет, прехранбено избалансираниот состав и големиот избор на вкусови, овие барови се неразделен дел од секој ден на активните лица.

Повеќе од 20 години, TEKMAР нуди производи во согласност со трендовите за здрав начин на живот и здрава храна.

GREEN LINE – пробајте го вкусот и моќта на природата

GreenLine линијата на барови од Текмар претставува портфолио на производи со живи пробиотски култури, витамини, овошје, растителни влакна и цела низа на корисни додатоци.

Green Line Plum Probiotic

Image Green Line Plum Probiotic

Green Line мусли бар со слива и пробиотик

Мусли бар со слива и прелив од јогурт со млечни култури

  • Со живи пробиотски култури
  • Не содржи транс масти
  • Содржи 4,8g влакна
  • Содржи млечни култури на Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus plantarum, Bifidobacterium lactis, Streptococcus termophillus

Green Line Tropic Probiotic

Image Green Line Tropic Probiotic

Green Line Мусли бар со тропско овошје и прелив од јогурт со млечни култури

  • Со живи пробиотски култури
  • Не содржи транс масти
  • Содржи 4,5g влакна
  • Содржи млечни култури на Lactobacillus acidophilus, Lactobacillus plantarum, Bifidobacterium lactis, Streptococcus termophillus

Green Line Protein Capuccino

Image Green Line Protein Capuccino

Green Line бар со протеини и капучино- Протеински бар, збогатен со влакна и витамини во темен прелив, со вкус на капучино

  • 100% растителни протеини
  • Содржи 21g влакна
  • Содржи 20g протеини
  • Без GMO

Овој бар е наменет за лица од сите возрасти, кои имаат зголемена физичка активност, и сакаат избалансирана доза на протеини, влакна и минерали во својата исхрана. Содржи 148 mg калциум и комплекс на витамини Е, Ц, Б1, Б2, Б6, Б12, ниацин, биотин, фолна и пантотенска киселина.

 

Muesli and superfruit cranberry/rapsberry bar

Image Muesli and superfruit cranberry/rapsberry bar

Мусли и супер овошје – брусница и малина

  • Содржи фолна киселина, витамин D и железо
  • Без додадени шеќери
  • Содржи природни шеќери и засладувач

0 % ДОДАДЕНИ ШЕЌЕРИ

MUESLI&FRUITS – red apple muesli bar decorated with yoghurt coating

Image MUESLI&FRUITS – red apple muesli bar decorated with yoghurt coating

Мусли и овошје бар со црвено јаболко, делумно прелиен со јогурт

  • Содржи 6g растителни влакна
  • Со вистинско овошје
  • Не содржи GMO

MUESLI&FRUITS – blueberry muesli bar decorated with yoghurt coating

Image MUESLI&FRUITS – blueberry muesli bar decorated with yoghurt coating

 Мусли и овошје бар со боровинки, делумно прелиен со јогурт 

  • Содржи 6g растителни влакна
  • Со вистинско овошје
  • Не содржи GMO

MUESLI&FRUITS – muesli bar with goji and cranberries decorated with yoghurt coating

Image MUESLI&FRUITS – muesli bar with goji and cranberries decorated with yoghurt coating

Мусли и овошје бар со гоџи и брусница, делумно прелиен со јогурт

  • Содржи 6g растителни влакна
  • Со парчиња овошје
  • Не содржи GMO

Мусли барови прелиени со јогурт

Image Мусли барови прелиени со јогурт

Оптимално слатки и освежителни барови прелиени со јогурт со уникатен вкус погоден за секоја прилика како здрава ужинка и при спортување.

 

Мусли бар прелиен со јогурт - вишна, мусли бар прелиен со јогурт - кајсија, мусли бар прелиен со јогурт - јаболко и цимет, мусли бар прелиен со јогурт - јагоди, мусли бар прелиен со јогурт – шумско овошје

JUICY bars

Image JUICY bars

Вистинско здраво слатко уживање, под богат слој чоколадо и крцкави житарки се крие слој  овошно желе со вистински овошен вкус .

 Juicy бар - бар од житарки со желе од малина, со прелив од темно чоколадо

Juicy бар - бар од житарки со желе, прелиен со јогурт – лимон-лимета

Juicy бар - бар од житарки со желе од портокал, со прелив од млечно чоколадо

Natureland- бар со јаткасти плодови и мед

Image Natureland- бар со јаткасти плодови и мед
  • кикиритки 55%
  • бадеми 10%
  • мед 5%
  • лешници 2%
  • бразилски ореви 2%, 

Natureland- бар од житарки со јаткасти плодови

Image Natureland- бар од житарки со јаткасти плодови

 

  • јаткасти плодови 20% (бадеми, лешници),