Органска вода од бреза

Image Органска вода од бреза

Органска вода од бреза

НОВ ПРОИЗВОД на нашиот пазар – состојки: вода од бреза* 96%, концентриран сок од грозје* и од лимон* - без додаден шеќер

Освежителна фитотерапевтска изотонична бистра вода, природно филтрирана од дрвото на брезата. Изотоничноста значи дека водата од бреза по својата концентрација е слична на концентрацијата на телесните течности, со што се овозможува брза хидратација и замена на електролитите на клеточно ниво. Овој напиток бил познат уште кај старите Словени по неговите својства како диуретик, супер напиток и замена за обичната вода. Заради природноприсутните шеќери, водата од бреза се користела и при долгите недостатоци од храна во 20тиот век, која го намалувала гладот и го одржувала телото витално.  

На наше огромно задоволство, соработката со реномираниот Германски производител на органски сокови VOELKEL Gmbh ни ги носи новите и вкусни органски сокови, овошни и зеленчукови smoothie, комбуха и оцети. Основачите на компанијата, уште од далечната 1936 година произведуваат високо-квалитетни природни сокови, а нивната линија на производство е зачетник на био-динамичкиот пристап на производство. Во Германија, Voelkel е компанија која држи повеќе од 60% од пазарот на органски сокови, и претставува неодминлив бренд кога се работи за производството на сок со највисок квалитет и одличен вкус.