VOGMASK

Image VOGMASK

Што се воздушни честички?

Постојат честички во воздухот, што лебдат наоколу. Повеќето од нив, не може дури ни да се видат. Овие честички се еден вид на загадување на воздухот, што најчесто влијае на здравјето на луѓето. Честичките може да се во различна форма или големина, и се делат на две големи групи.

 

 

ГОЛЕМИ - големите честички се меѓу 2.5 и 10 микрометри (од околу 25 до 100 пати потенки од човечко влакно). Овие честички се нарекуваат PM10.

МАЛИ малите честички се помали од 2.5 микрометри (100 пати потенки од човечко влакно). Овие честички се нарекуваат PM2.5.

Здравствени ефекти

Аерозагадувањето – особено ситните честички – се состои од микроскопски тела, што се толку мали што може да навлезат во белите дробови и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. И PM10 (големите) и PM2.5 (малите) честички може да предизвикаат здравствени проблеми; особено респираторни проблеми (на белите дробови и дишните патишта). Бидејќи PM2.5 честичките навлегуваат подлабоко во белите дробови и бидејќи се составени од потоксични материи (како тешки метали и органски соединенија што предизвикуваат рак), овие честички може да предизвикаат посериозни здравствени ефекти од PM10 честичките.

Колку подлабоко навлегуваат честичките, толку полоши се ефектите по здравјето. Здравствените проблеми, што се резултат од изложеноста на загадени честички во воздухот се следниве:

  • Кашлање и отежнато дишење
  • Неправилна работа на срцето
  • Влошена состојба на астма
  • Оштетување на белите дробови (вклучувајќи намалена функција на белите дробови, иритација на дишните патишта и доживотни респираторни заболувања)
  • Прерана смрт кај лица со срцеви или белодробни заболувања

Луѓето со срцеви и белодробни заболувања, децата и постарите возрасни лица се, најмногу погодени од изложеност на загадувањето. Сепак, дури и ако сте здрави, може да имате привремени симптоми од изложеност на зголемено ниво на опасни честички во воздухот. Маските се најсоодветниот и најефективниот начин за заштита на белите дробови од штетните честички во воздухот.

 

Индекс на квалитет на воздухот (AQI) 

AQI

Ниво на загаденост на воздухот

Здравствени импликации

Оптимален век на Vogmask

0-50

Добро

Квалитетот на воздухот е задоволителен и аерозагадувањето е мало или не претставува ризик

Не е потребна маска

51-100

Умерено

Аерозагадувањето е прифатливо, некои загадувачи може да предизвикаат умерени здравствени проблеми кај мал број луѓе

410 часа

101-150

Ризично за чувствителни групи

Чувствителните лица  може да имаат одредени здравствени проблеми

370 часа

151-200

Ризично

Здравствени проблеми може да се јават кај сите, а чувствителните лица може да имаат посериозни здравствени проблеми

210 часа

201-300

Многу ризично

Здравствени предупредувања за вонредни услови. Целата популација е засегната

160 часа

300+

Опасно

Аларм: ризик за посериозни здравствени проблеми на цела популација

80 часа

 

Употреба: За поголема ефикасност, следете го упатството.

Инструкции за употреба:

1. Oтворете ја маската

2. Ставете ја на лицето со долниот дел под брадата, а горниот дел над носот. Ставете ги врвките зад ушите.

3.Притиснете ја маската да се залепи убаво според формата на лицето.

 

  http://www.vogmask.com