NATURAL WHITE MULBERRY EXTRACT

Image NATURAL WHITE MULBERRY EXTRACT

 
100% ПРИРОДЕН ЕКСТРАКТ ОД БЕЛА ЦРНИЦА 
(во 100грама црница има само 43 калории)
 
Понови студии покажуваат дека екстрактот од бела црница во комбинација со здрава исхрана помага за полесно намалување на вишокот килограми и постигнување здрава телесна тежина.
 
Белата црница традиционално се користи за регулирање на шеќерот во крвта. Одредени состојки во овој плод помагаат да се забави разградувањето на јаглехидратите во системот за варење, а тоа овозможува тие побавно да се апсорбираат во крвта. На овој начин се спречува наглото зголемување на нивото на гликоза во крвотокот. 
 
Белата црница содржи високи концентрации на антоцијанини за кои науката покажала дека имаат поволно дејство врз здравјето преку заштита на организмот од канцерозни промени, невролошки заболувања, воспаленија, дијабетес и бактериски инфекции.
 
Исто така, богати се со витамин Ц што му помага на организмот полесно да се справи со влијанието на штетните слободни радикали и  на патогените микроорганизми.
 
Претставуваат одличен извор на железо, околу 1,85 mg на 100 g од овој плод. 
 
Богати се витамини од групата Б и витамин К што имаат важна функција во метаболизмот на шеќерите, протеините и на мастите.