Јое&Co органски масла

Image Јое&Co органски масла

Joe and Co е реномирана италијанска компанија која е специјализирана во производството на растителни масла, сертифицирани како органски и веган. Присутни се во повеќе од 24 држави од светот. Сите нивни масла се добиени исклучиво со физички процеси и се цедени без употреба на растворувачи.

 

ЗЕГИН HEALTHY FOOD го донесе нивниот најпознат бренд CRUDOLIO претставен преку шест видови на масла, некои за прв пат присутни во нашите продавници. Пристапни цени за производи кои се органски и висококвалитетни.

 

 

 

Органско ладно цедено маслиново масло 

Органски сертифициран 100% италијански производ производ достапен во пакување од 500 мл.

Екстра девствено ладно цедено масло добиено директно од маслинки преку механички процеси, на температура пониска од 27 Целзиусови степени, кое се смета за најдобар вид на маслиново масло.

Маслиновото масло е долго присутно на нашиот пазар и во медитеранот, а неговите бенефити за здравјето на луѓето се добро-познати. Само за потсетување, тука се вклучени бенефитите за кардиоваскуларниот систем преку антиоксидантите и анти-воспалителните нутритиенти содржани во маслото, кои ги намалуваат ризикот за оксидатен стрес и несакани хронични воспаленија.

Околу 75% од мастите кои ги содржи маслиновото масло е во форма на моно-незаситени, омега-9 масни киселини кои помагаат при одржување на здрав баланс на тоталниот холестерол, ЛДЛ холестерол и ХДЛ холестерол во телото. Дополнително, маслиновото масло го штити и дигестивниот тракт, а има и когнитивни бенефити како дел од медитеранскиот начин на исхрана.


 

Органско масло од микс на семиња

Органски сертифициран производ достапен во две пакувања од 500 мл и 1000 мл

Многу отпорно на високи температури, производот е посебно наменет за пржење, а се состои од високоолеично масло од сончогледово семе, прочистено со млазови водена пареа и масло од сусамово семе (Heliantus annuus L., Sesamum indicum).

Органско масло од семки од сончоглед

Органски сертифициран производ од Европско потекло достапен во пакување од 1000 мл.
Маслото од сончоглед е долго присутно во македонските кујни, а новитет сега е органското производство на ова масло. Придобивките од употребата на сончогледовото масло се добро познати, а го вклучуваат хармоничниот состав на масни киселини со значајна содржина на омега-6 масни киселини есенцијални за телото балансирани со „добрите“ омега-3 масни киселини. Дополнително, сончогледовото масло не содржи заситени масти, што значчи дека може и да го намали тоталниот холестерол во телотот. Уште повеќе, сончогледовото масло е богато со витамин Е, кој е силен анти-оксидант во телото погоден и за кожата.

Незаситените масните киселини во сончогледовото масло се вели дека имаат и енергизирачко дејство кое го поттикнува вашето тело, со позитивно влијание и на целокупниот имунитет.

Органско масло од пченкарни никулци

Органски сертифициран производ од Европско потекло достапен во пакување од 750 мл.

Содржи големо количество природно присутен витамин Е.

Спортско масло за подигање на енергијата

Пченкарното масло е навистина здраво затоа што се состои главно од поли - незаситени масни киселини со мало количество на заситени масни киселини. Освен во исхрана, се употребува и во грижата за кожа и коса. Погодно е за готвење и пржење поради толеранцијата на високи температури и до 230 Целзиусови степени. Има неколку најзначајни позитивни карактеристики:

- Влијае на намалување на холестеролот ако се употребува во нормални количини – влијае на апсорпцијата на холестеролот во телото

- Имуностимулант – затоа што содржи есенцијални масни киселини како линолеичната омега-6 киселина потребна за одредени функции на имуниот систем, кај бубрезите, срцето, репродуктивниот систем, црниот дроб и дигествниот систем

- Делува на намалување на крвниот притисок, кај некои студии и до 10%, секако ако се употребува во нормалните количини

- Антиоксидант преку присуството на витамин Е

- Ретко се употребува во козметика, но има дејство на навлажнување на кожата и кондиционер е за косата, а може да се употребува и на кожата на домашните миленици.\

Масло од семки од грозје

100% Италијанско потекло достапно во пакување од 500 мл.               

Маслото од семки од грозје е богато со oмега-6 масни киселини и е препорачливо за здрава и балансирана исхрана. Со својот ненаметлив вкус може да се употребува како прелив или за готвење на било какви јадења, од ориз до варен зеленчук, а идеално е за пржење. Заради лесната емулсија, погодно е и за подготовка на домашен мајонез.

Одличен извор е на есенцијални масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9) и витамин Е, а полифенолите и флавоноидите во ова масло имаат и силни антиоксидантни својства. Поконкретно, некои од неговите најсилни бенефити се: зајакнување на срцевото здравје преку намалување на „лошиот“ холестерол, позитивен ефект кај дијабетичари заради линолеичната киселина, обнова на оштетени капилари и вени, подигање на имунитетот, анти-воспалителни својства, и помош при астма, алергии, акни и дерматит.

Ова масло се користи и во козметика, комбинирано со други масла за подготовка на масло за масажа на телото, помага при обнова на кожата со антисептичко и заздравувачко својство. Често се наоѓа во креми, лосиони, мелеми, за заштита од сонце итн.

2.

    Органско масло од семки од тиква

Органски сертифициран производ од Европско потекло достапен во пакување од 250 мл.

Масло погодно за салати во текот на денот со главните јадења.

Маслото од тиква има неколку значајни бенефити, најмногу во заштита на работата на простата преку цинкот кој го содржи, намалување на холестеролот заради незаситените масни киселини и анти-оксидантните својства, лечење на цистити, помош при работата на бубрезите преку намалување на создавањето камења, итн.