BECUTAN детски сапун со камилица 90 мл.

Zoom
 

Се препорачува за секојдневна хигиена на нежната детска кожа. Екстрактот од камилица ја ублажува и ја спречува појавата на црвенило на кожата а Д-пантенолот ја регулира нејзината влажност. Се препорачува и кај лица со чувствителна кожа.

Characteristics:

Направете сапуница од сапунот и нежно измасирајте ја влажната кожа. Добро исплакнете со вода.

Ingredients:

Силикон.

Becutan детскиот сапун со екстракт од камилица и со Д-пантенол нежно ја чисти и истовремено ја негува детската кожа. Збогатен е со природни состојки кои придонесуваат за поголема хидратација. Екстрактот од камилица ја превенира појавата на црвенило, а Д- -пантенолот ја регулира влажноста на кожата и ги подобрува нејзиниот изглед и функција.

Зошто е важна хидратацијата на детската кожа?Заштитата на организмот од негативните влијанија на околината е една од најважните функции на кожата. Основен предуслов за нормално извршување на оваа функција е кожата да биде мека и еластична, што подразбира добра способност на површинскиот слој на кожата да ја врзува водата. Токму поради ова состојките како Д-пантенол, кои ја регулираат влажноста на кожата, влијаат на подобрување на нејзината заштитна функција.
Becutan детскиот сапун не содржи конзерванси, а по миењето кожата останува нежна и мека.