Cranberry (Reine des pres)

Image Cranberry (Reine des pres)

 Tretje para orale për sistem të shëndoshë urinar.

 - Kuartet nga Boronica e kuqe, Filipendula hexapetala, Erica arborea, Druri hirit

Image


  Koko Diary Free Пијалок од кокос, 1L и 250ml  со додадени калциум и витамини D2 и B12

  Алтернатива на млеко

Добиен од кокосово млеко со додадени калциум и витамини D2 и B12. Производот е без лактоза, соја и глутен, без вештачки ароми, конзерванси, бои и без GMO. Погодно е за лица со целијакија, вегани, вегетаријанци и лица со алергија на јаткасти плодови.

Кокосот како растение е едно од најмногу употребувани во човековата исхрана години наназад. Познато е уште и како дрво на животот, поради неговата повеќекратна употреба. Од плодот на кокосовото дрво се добива кокосова вода и кокосово млеко. Кокосовото млеко претставува бела течност која се добива со пресување на рендан или мелен внатрешен слој (ендосперм) од кокосовиот плод. Кокосовото млеко содржи протеини, масти, јаглехидрати, витамини (Б1, Б2, Б3, витамин Ц),  минерали (фосфор, калциум, железо). Во малопродажба може да се најдат повеќе видови на производи од кокосово млеко,  чисто кокосово млеко или кокосов пијалок кој се добива кога на кокосовото млеко ќе се додаде вода во различна концентрација.

Кокосовиот пијалок Koko Diary Free е вкусен пијалок подготвен од свежо кокосово млеко кое се добива секојдневно од свежо набрани кокосови плодови кои се цедат во првите неколку часа од берењето, што зборува за квалитетот на производот. Во својот состав содржи филтрирана вода, кокосово млеко 8,4%, концентрат од гроздов сок, калциум фосфат, емулгатор, морска сол, боја: каротен, витамин Д2 и витамин Б12.. Може да се употребува како додаток на кафе и чај, во житарки и смути, на природна температура или разладен, а и како додаток во подготовка на слатки. На 100 ml производ енергетската вредност изнесува 106kJ/27kcal.

Консултирајте се со Вашиот лекар или нутриционист доколку го употребувате овој производ како главен извор на млеко за деца под 2 годишна возраст.

Image

 

Koko Diary Free Пијалок од кокос со вкус на чоколадо, 1L и 250ml - со додадени калциум и витамини

Добиен од кокосово млеко со додадени калциум, витамини D2 и B12 и какао во прав. Производот е без лактоза, соја и глутен, без вештачки ароми, конзерванси, бои, без животински масти и без GMO. Погодно е за лица со целијакија, вегани, вегетаријанци и лица со алергија на јаткасти плодови.

Koko Diary Free пијалокот содржи 30% помалку шеќер во споредба со млечните производи со вкус на чоколадо кои се достапни на пазарот. Во својот состав содржи филтрирана вода, кокосово млеко 6,5%, шеќер, малтодекстрин, какао во прав 1,25%, калциум фосфат, емулгатор, гуар гума, морска сол, природна арома, витамин D2 и витамин B12. На 100 ml производ енергетската вредност изнесува 224kJ/53kcal.

Одличен пијалок со вкус на чоколадо. Може да се конзумира ладен или како топло чоколадо.

Уживајте во свежиот тропски вкус на Koko Diary Free пијалоците!