Cranberry (Reine des pres)

Image Cranberry (Reine des pres)

 Tretje para orale për sistem të shëndoshë urinar.

 - Kuartet nga Boronica e kuqe, Filipendula hexapetala, Erica arborea, Druri hirit

Image

 

   IL NUTRIMENTO - Органски сенф, 160g (168ml)

Сенфот како зачински прилог е многу добро познат и употребуван во разни видови на јадења, давајќи им посебен вкус. Органскиот сенф на Probios s.r.l нема додадено шеќери, туку во својот сосав има само природни шеќери кои потекнуваат од семето на синапот кој во производот е застапен со 35%.

Покрај тоа содржи вода, оцет и морска сол. Како омилен зачин за љубителите на вкусна храна може да се употребува при подготовка на разни видови на сезонски салати, во комбинација со мајонез, при подготвување на месо, дресинг сосови и др.

Синапот припаѓа на фамилијата на зелките (Brassicaceae) и е извор на протеини, растителни влакна, минерали (селен, калциум, магнезиум, фосфор, калиум), витамин А, витамин Е, витамин Ц, фенолни компоненти и еснцијални масла кои му го даваат специфичниот вкус. 

Постојат многу видови на синап, но најпознати и најчесто употребувани за подготовка на разни видови на сенф се белиот кој е со најслаб вкус, кафениот кој има горчливо-лут вкус и црниот синап кој има најинтензивен вкус. 

Image
 
ВРЕМЕ Е ЗА КУС КУС!

За да го почувствувате вкусот на ориентот неизбежно е да пробате кус кус!

Органски кус кус со куркума и зеленчук, 70g

Кус кус е традиционално берберско јадење од пченични гранули (топчиња) кои можат да бидат со различна големина, а се подготвува на водена пареа. Денес ова јадење може да се сретне речиси насекаде во светот, а  во Франција кус кус е дури избран и како трето омилено јадење на французите.

Се произведува со различни технологии, користејќи различни суровини (елда, леќа, грав, наут), но традиционалнaта форма која се произведува е од дурум пченица семолина (Triticum durum). Апсорбира вода три пати повеќе во однос на својата тежина, поради што се добива волуменозен оброк со пониска калорична вредност. Како споредба, тестенините апсорбираат два пати повеќе вода во однос на својата тежина. Стандардната порција на кус кус која е препорачана од италијанското здружение за хумана исхрана изнесува 70-80 g. Денес најчесто може да се најде на пазарот како инстант оброк кој претходно бил подготвен на водена пареа.

Органскиот кус кус со куркума и зеленчук од Probios s.r.l е инстант производ кој во својот содржи 93,2% кус кус од дурум пченица; 3,7% дехидрирана мешавина од зеленчук, сок од зеленчук и 12% дехидриран зачински зеленчук  (кромид, морков, целер, магдонос, праз), сончогледово масло, екстракт од квасец, природна арома на зеленчук, зачини, антиоксидант (екстракт од рузмарин), 1,7% дехидриран зеленчук и зелје во варијабилен сооднос (модар патлиџан, домат, тиквички, кромид), 1,02% зачини (82% куркума, кориандер, магдонос), сол.

Пакувањето содржи 70 g (245 kcal) или една порција која се подготвува за 5 минути, така што се додава вода до ознаката на пакувањето, се остава да одстои и оброкот е готов за конзумирање. Пакувањето содржи и вилушка.

Image

 

Органски кус кус со домати и мајоран, 70g

Втората кус кус комбинација со домати и мајоран се состои од 92,1% кус кус од дурум пченица, мешавина од дехидриран зеленчук, сок од зеленчук и дехидриран зеленчук (кромид, морков, целер, магдонос, праз), сончогледово масло, екстракт од квасец, природна арома на зеленчук, зачини, антиоксидант (екстракт од рузмарин), дехидриран зеленчук и 3,13% зелје во варијабилен сооднос (88% домат, кромид), 0,65% зачини (57% мајоран, босилек), сол.

Пакувањето содржи 70 g (246 kcal) или една порција која се подготвува за 5 минути, така што се додава вода до ознаката на пакувањето, се остава да одстои и оброкот е готов за конзумирање. Пакувањето содржи и вилушка.

Органско, вкусно, брзо, здраво и практично!