Cranberry (Reine des pres)

Image Cranberry (Reine des pres)

 Tretje para orale për sistem të shëndoshë urinar.

 - Kuartet nga Boronica e kuqe, Filipendula hexapetala, Erica arborea, Druri hirit

Image
Zoom
SHAPE-CONTROL_CHOCOLATE

 

Вегански протеински шејк со вкус на чоколадо + суперхрана и зелен чај


Без глутен, лактоза и соја.

Веганскиот протеински шејк на Purasana е нова генерација на протеини во прав базиран на протеини од грашок, кои лесно се варат, со висок аминокиселински профил, со екстракт од зелен чај, коњак и мешавина од спирулина, хлорела, пченична и јачменова трева, кои содржат голема количина на нутриенти. Балансот меѓу протеините и јаглехидратите овозможува подобра апсорпција на аминокиселините. Има големо количество на протеини, а ниска содржина на масти. Спирулината придонесува за одржување на нормалната телесна тежина.

Состојки: протеини од грашок, шеќер од кокосов цвет *, какао во прав*, природен вкус на чоколадо, јачменов слад*, коњак*, пченична трева*, јачменова трева*, спирулина*, хлорела*, екстракт од зелен чај*.

*од органско производство

Image
Zoom
SHAPE-CONTROL_VANILLA

 

Вегански протеински шејк со вкус на ванила + суперхрана и зелен чај

 

Без глутен, лактоза и соја.

Веганскиот протеински шејк на Purasana нова генерација на протеини во прав базирани на протеини од грашок, кои лесно се варат, со висок амино киселински профил, со екстракт од зелен чај, коњак и мешавина од спирулина, хлорела, пченична и јачменова трева, кои содржат голема количина на нутриенти. Балансот меѓу протеините и јаглехидратите овозможува подобра апсорпција на аминокиселините. Има големоколичество на протеини, а ниска содржина на масти. Спирулината придонесува за одржување на нормалната телесна тежина.

Состојки: протеини од грашок, шеќер од кокосов цвет *, природна арома на ванила, *, коњак*, пченична трева*, јачменова трева*, спирулина*, хлорела*, екстракт од зелен чај*, хималајска сол.

*од органско производство

Image
Zoom
VEGAN MIX_PEA & RICE_BANANA_VANILA

 

Мешавина од органски вегански протеини во прав - од грашок и ориз со вкус на банана и ванила

 

Органската мешавина на протеини во прав од грашок и ориз содржи 64% протеини. Протеинскиот изолат од грашок е со висок квалитет и содржи големо количество протеини. Тоа се алкализирачки протеини, со сладок вкус и лесна, мека текстура. Протеините од ориз се хипоалерген извор на протеини, со 80% содржина на протеини. Овие протеини од ориз природно содржат повеќе витамини и минерали. Протеинската мешавина не содржи соја, глутен и лактоза и е погодна за вегани, вегетаријанци, лица со алергии, спортисти.

Состојки:протеини од грашок*, протеини од ориз*, банана во прав*, шеќер од кокосов цвет*, агаве во прав*, инулин*, природна арома на ванила, хималајска сол.

 

*од органско производство

Просечна количина на протеини по порција = 21.41 g протеин.

Image
Zoom
VEGAN SINGLE_RICE BANANA_LUCUMA

 

Органски вегански протеини во прав – од ориз со банана и лукума

Органските протеини во правна Purasana се хипоалерген извор на протеини, од растително потекло, кои лесно се варат. Овие протеини добиени од ориз природно содржат повеќе витамини, минерали и аминокиселини од другите извори на растителни протеини. Не содржат соја, глутен и лактоза и се погодни за вегани, вегетаријанци, лица со алергии, спортисти и сите оние кои имаат потреба за поголем внес на протеини.

Состојки: протеини од ориз*, банана во прав*, шеќер од кокосов цвет *, лукума*, природна арома на банана.

 

*од органско производство

 

Просечна количина на протеини по порција = 19.78 g протеин.

Image
Zoom
WHEY_NATURAL

 

Органски протеини од сурутка во прав

Сурутката се добива од млекото на органски одгледувани крави во Австрија, познати по високиот квалитет. Најмалку  60% од нивната исхрана се состои од трева, детелина и сено, а останатиот дел на храната е во согласност со строгите стандарди за органско производство. Сурутката е течност која се добива како нус-производ од млекото при производство на сирење, а протеинскиот концентрат се добива со филтрирање преку ултрафини филтри и концентрирање со технологијата на спреј сушење. Протеинскиот концентрат од сурутка е извор на амино киселини и се апсорбира во организмот побрзо од концентратите базирани на растителни протеини. Содржи  80% протеини и е погодно за лица коишто рекреативно или активно се занимаваат со спорт, за вегетаријанци и сите оние кои сакаат да го зголемат внесот на протеини.

По желба може да се додадат и природни ароми како кокосов шеќер,агаве сируп, лукума или банана во прав, мед, стевиа, свежо овошје итн.

Состојки: 100% концентрат од органска сурутка, сосодржина на протеини 80%*

*од органско производство

Просечна количина на протеини по порција = 26 g протеин.