4U PHARMA Виранто шот, 10 вијали
Опис на производот
4U Pharma Viranto Shot е храна за посебна медицинска намена.
- Со засладувач
- Viranto Shot for you! раствор за орална употреба претставува храна за посебна медицинска намена со билни екстракти
(корен од гераниум, плод на бозел, кора од бела врба и ризом од ѓумбир), витамин Д, цинк и бакар, наменет за диететско регулирање на состојби на настинка, грип, кашлица, воспаление на грлото и воспаление на горниот респираторен тракт - Производот не е наменет за трудници, доилки и деца и млади под 18 годишна возраст
Пакување: 10 вијали.
Содржина
Состав:
| Состав на активните состојки | 1 шишенце (15 мл) | 2 шишенца | %РНВ* (2 шишенца) | 100 мл |
|
Сув екстракт од корен на пеларгониум (Pelargonium sidoides), DER 3-7:1 |
35 мг
|
70 мг
|
/
|
0.23 г
|
|
Сув екстракт од плод на бозел (Sambucus nigra), DER 10:1 -стандардизирано на 10% полифеноли |
190 мг
19 мг |
380 мг
38 мг |
/
/ |
1.3 г
0.13 г |
|
Сув екстракт од кора на бела врба (Salix alba), DER 25:1 -стандардизирано на 25% салицин |
18 мг
4.5 мг |
36 мг
9 мг |
/
/ |
0.12 г
0.03 г |
|
Сув екстракт од ризом од ѓумбир (Zingiber officinale) -стандардизирано на 5% гингерола |
10 мг
0.5 мг |
20 мг
1 мг |
/
/ |
66.7 мг
3.3 мг |
| Цинк (цинк-глуконат) | 1.5 мг | 3 мг | 30 | 10 мг |
| Бакар (бакар-глуконат) | 0.15 мг | 0.3 мг | 30 | 1 мг |
| Витамин Д (холекалциферол) | 20 мкг | 40 мкг | 800 | 133 мкг |
*РНВ-референтна нутритивна вредност
Состојки: пречистена вода, сув екстракт од плод на бозел (Sambucus nigra), сув екстракт од корен на пеларгониум (Pelargonium sidoides), арома на лимон, мед и ѓумбир, калиум-сорбат (конзерванс), натриум-бензоат (конзерванс), сув екстракт од кора на бела врба (Salix alba), ксантан гума (згуснувач), лимонска киселина, цинк-глуконат, холекалциферол, сув екстракт од ризом од ѓумбир (Zingiber officinale), сув екстракт од плод на ацерола (Malpighia punicifolia), сув екстракт од плод на шипка (Rosa canina), сукралоза (засладувач), бакар-глуконат.
Употреба: возрасни: два (2) пати дневно да се испие содржината од едно шишенце. Земете Viranto Shot for you! веднаш по појавата на првите симптоми на настинка и грип, идеално во првите неколку часа. Користете по оброк со цел да се избегне стомачна нелагодност.
Предупредување: производот не треба да го користат лица осетливи на било која состојка на производот. Производот не е наменет за трудници, доилки и деца и млади под 18 годишна возраст. Производите што содржат пеларгониум/гераниум и бела врба не се препорачуваат за лица на антикоагулантна терапија и лица кои планираат хируршка интервенција. Се препорачува мерка на претпазливост кај лица со заболувања на црниот дроб, псоријаза, ревматски артритис, лупус или автоимуни заболувања поради способноста на пеларгониумот за активирање антитела и предизвикување автоимуни пореметувања. Не се препорачува за лица со хиперкалцемија и хиперпаратироидизам. Мерки на претпазливост и медицински консултации се неопходни за лицата кои користат тиазиди, кардиотонични гликозиди, рифампицин, изонијазид, фенитоин и барбитурати. Истовремената употреба на кортикостероиди и овој производ може да го намали ефектот на кортикостероидите. Предозирањето може да предизвика несакани ефекти и треба да побарате лекарска помош. Не земајте додатоци на витамин Д со овој производ. По еден месец потребно е да се провери нивото на витамин Д во крвта. Производот мора да се користи под лекарски надзор. Производот не е наменет за парентерална употреба. Производот е нутритивно непотполна намирница и не е погоден за употреба како единствен извор на исхрана за лицата за кои е наменет. Да се чува подалеку од дофат на мали деца.