ABOPHARMA Абоацид, 20 кесички
Опис на производот
Abopharma Абоацид гел стик е медицинско средство
- Делува на симптомите на воспаление на слузокожата на желудникот: болка, печење, чувство на киселост
- Делува како бариера која ја штити мукозната мембрана во случај на горушица и тегоби поврзани со желудочната киселина
- Поради својата единствена хербална формула и хијалуронската киселина во составот на Aboacid гел стик, има смирувачко и заштитно дејство на мукозната мембрана и го неутрализира рефлуксот на киселина
- Хербалниот фитокомплекс исто така помага да се неутрализира гастроезофагеален рефлукс или киселинска регургитација, помага при стомачна киселина и дигестивни нарушувања поврзани со рефлукс кои се можни после јадење или за време на бременост, или кај пациенти со езофагитис со симптоми поврзани со рефлукс
Пакување: 20 кесички.
Содржина
Состав: вода, Aboacid [полисариден комплекс базиран на Aloe Vera гел, Althaea officinalis L. (корен), Malva sylvestris L. (листови)], Emblica Officinalis (плод), камилица, натриум хијалуронат, сок од боровница, конзерванс: калиум сорбат, натриум бензоат, арома боровница и калинка, регулатор на киселост: лимонска киселина, засладувач: сукралоза.
Употреба: земете еден гел стик кога е потребно по оброк, истурете го директно во устата. Доколку е потребно, можете да го повторите внесот неколку пати на ден, дури и во кратки интервали.
Кај гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) земете еден гел стик после главниот оброк и еден пред спиење. Aboacid има механичко и нефармаколошко дејство, може да се зема истовремено со лекови за третман на хиперацидност.
Начин на чување: да се чува на ладно и суво место, заштитено од светлина и извори на топлина, на температура под 30°C. Рокот на употреба се однесува на правилно складиран производ во неговото оригинално пакување.
Предупредувања: внимателно прочитајте го упатството пред употреба и чувајте го упатството заедно со производот. Да се чува подалеку од деца.