AESCULAPIUS Efriviral Labiale Стик со 5% ацикловир, 3 г
Опис на производот
Aesculapius Efriviral Labiale Стик со 5% ацикловир.
- Антивирусен лек со специфично и селективно делување врз херпес-вирусот, вклучувајќи го вирусот херпес симплекс
- Се користи за лекување на инфекции на усните предизвикани од вирусот херпес симплекс (повторлив лабијален херпес) кај возрасни и адолесценти (12-годишни или постари)
- Производот не треба да се дава на деца под 12 г
Пакување: 3 г.
Содржина
Состав:
Активна состојка: ацикловир 50 мг/1 г.
Помошни состојки: рицинусово масло, полусинтетички глицериди, восок од карнауба, бел парафин, пчелин восок, октилдодеканол, бутилиран хидрокситолуен, мирис на ванила.
Употреба: Нанесувајте го Efriviral Labiale 5-пати дневно, приближно на секои 4 часа во денот. Не користете го ноќе. Нанесувајте мала количина од производот употребувајќи го стапчето директно на инфицираниот предел, но не допирајте со раце. Доколку раната не е запечена, можете да продолжите со употреба уште 5 дена (максимум 10 дена). За максимална ефикасност, започнете со третирање со Efriviral Labiale веднаш штом ќе почувствувате појавување на рана. За добри резултати, нанесете веднаш штом ќе ги почувствувате првите знаци и симптоми (болка, црвенило, оток, или чешање).
Консултирајте се со лекар доколку заболувањето ви се појавува почесто или доколку сте забележале промена на симптомите. Консултирајте се со лекар доколку симптомите траат повеќе од 10 дена и покрај третирањето, или доколку се влошат во текот на третирањето.
Внимание: Лабијалниот херпес е заразен, па затоа не дозволувајте им на другите да ги допираат вашите рани и не делете лични предмети (на пример пешкири) кои можат да ја пренесат инфекцијата. По нанесување на медицинскиот производ, внимавајте да не ги допрете очите или друг дел од телото со прсти. Најпрвин измијте ги рацете. Секогаш мијте ги рацете пред и по допирањето на раните. Не ги допирајте очите. Инфекцијата со очен херпес може да доведе до улцер на рожницата.
Одбегнувајте бакнување (особено деца) кога имате рани. Одбегнувајте чешање на раната или непотребно допирање со крпа бидејќи така може да ја влошите состојбата на инфекцијата или пак да ја пренесете истата. Можете да ја инфицирате раната со други микроорганизми и вашите раце може да се инфицираат со вирусот.
Одбегнувајте делење на прибор за храна како чаши, лажици и слично.
Овој медицински производ е наменет само за лична употреба. По отворањето мора да се користи само од еден пациент, онолку долго колку што трае, и никогаш не смее да се споделува со други лица.
Мерки на претпазливост: не пречекорувајте ги препорачаните дози. Не користете го производот доколку сте алергични (хиперсензитивни) на активните состојки или на која било од помошните состојки содржани во производот. Не користете го производот ако сте алергични на валацикловир. Нанесувајте само на раните на усните зафатени од херпес симплекс. Не се препорачува нанесување на мукозните мембрани, како во устата, очите и носот. Не користете го производот за лекување на генитален херпес. Обрнете посебно внимание да не го нанесете производот на очите. Производот може да предизвика пречувствителност, особено по долготрајно користење. Доколку дојде до пречувствителност, запрете со негова употреба и консултирајте се со лекар. Консултирајте се со лекар и доколку страдате од изразено тежок случај на повторлив лабијален херпес. Внимавајте да не го пренесете вирусот воглавно кога имате активни рани. За време на користење на Efriviral Labiale не користете друг вид на производи за нега на кожа (шминка, кремови за сончање, путер од какао) или пак лекови за лекување на херпес. Консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт доколку моментално користите или во скоро време сте користеле други лекови, вклучувајќи ги и оние кои можат да се купат без лекарски рецепт. Efriviral Labiale не се препорачува за изразено имунокомпромитирани пациенти (пациенти со СИДА или на кои им е пресадена коскена срж). Овие пациенти треба да се консултираат со своите лекари во врска со тоа како да го третираат лабијалниот херпес или друг вид инфекција. Доколку сте бремени и/или доите, Efriviral Labiale треба да се зема исклучиво по консултација со лекар и заемна проценка на ризиците/придобивките за вашиот конкретен случај. Консултирајте се со лекар доколку се сомневате дека сте бремени или доколку планирате да забремените. Доколку случајно голтнете многу малку од него се апсорбира, па затоа не предизвикува несакани ефекти. Доколку случајно голтнете и/или земете поголема доза од, веднаш барајте медицински совет јавете му се или известете го вашиот лекар или одете во најблиската болница. Доколку пропуштите да нанесете, сторете го тоа веднаш штом ќе се сетите и потоа продолжете со вообичаениот распоред на нанесување.
Бутилираниот хидрокситолуен кој се содржи во овој медицински производ може да предизвика алергиски реакции кои можат да се појават веднаш или отпосле. Тој може да предизвика локализирани реакции на кожата (контактен дерматит) или иритација на очната и носната мембрана.
Производот треба да се чува во оригиналното пакување за да се заштити од светлина. Не чувајте го на температура над 25°С. Не се чува во фрижидер. Производот мора да се користи во рамките на 3 месеци по отворањето на пакувањето. По истекот на тој период, отстранете го производот. Чувајте го вон дофат и видокруг на деца.