ALCON Systane Ultra Fast Acting Лубрикантни капки за очи, 10 мл
Опис на производот
Alcon Systane Ultra Fast Acting Dry Eye Relief Лубрикантните капки за очи. Стерилен раствор без конзерванси.
Индицирани за лубрикација на површината на очите и навлажнување на силиконски, хидрогелни и меки (хидрофилни) контактни леќи.
- Обезбедуваат заштита на површината на очите
- Обезбедуваат олеснување на симптомите на суво око и ги подобруваат визуелните перформанси.
- Овозможуваат привремено олеснување на чувството на суво око поврзано со носење на контактни леќи
- Обезбедуваат влажност на контактните леќи
Systane Ultra лубрикантните капки за очи се наменети за примена кај возрасни пациенти (18 години и постари) кои имаат симптоми на суво око, вклучувајки и пациенти кои употребуваат контактни леќи.
Врз основа на собрани докази при клиничките испитувања, објавени клинички литератури и искуства на пазарот (пост-маркетингшко следење), Systane Ultra лубрикантните капки за очи се наменети за привремено олеснување на пецкање и иритација кај лица кои имаат симптоми на суво око.
Пакување: 10 мл.
Содржина
Состав: полиетилен гликол 400, пропилен гликол, хидроксипропил гуар, сорбитол, аминометилпропанол, борна киселина, калиум хлорид и натриум хлорид и прочистена вода. Може да содржи хлороводородна киселина и/или натриум хидроксид за прилагодување на pH вредноста.
Начин на употреба:
- Шишенцето држете го под капачето и свртете го за да се отвори
- Пред првата употреба: држете го шишенцето приближно под агол од 90 степени и капнете една капка. Држете го шишенцето надоле и протресете за да го отстраните остатокот од капките
Systane Ultra лубрикантните капки за очи можат да се користат по потреба во текот на денот.
- По потреба капнете 1 или 2 капки во зафатеното око (очи) и трепнете
- При носење на леќи, во случај на иритација, нелагодност или заматеност капнете 1 до 2 капки во зафатеното око (очи) и трепнете 2 или 3 пати
- По употреба, пред затворање на шишенцето, протресете го шишенцето надоле за да го отстраните остатокот од капките од врвот на шишенцето
Предупредување: Доколку почувствувате постојана непријатност во окото, зголемено солзење, промена во видот, црвенило на окото, консултирајте се со офталмолог бидејќи проблемот може да биде посериозен. Привремено замаглување на видот и други визуелни пречки може да влијаат врз способноста за возење и употреба на машини. Доколку се појави замаглен вид, почекајте да се избистри пред да почнете да возите или да употребувате машини.