ALKALOID Фленти гел, 30 г
Опис на производот
Alkaloid Flenty претставува гел за локална употреба со антихистаминик
- Содржи диметинден малеат, активна супстанција од групата лекови наречени антихистаминици
- Хомоген
- Безбоен, проѕирен до малку опалесцентен гел
- Без мирис
Го блокира дејството на хистаминот, локално на кожата. Ја намалува пропустливоста на капиларите и дејствува локално анестетички. Дејствува во рок од неколку минути со максимален ефект после 1-4 часа.
Се употребува за ублажување на чешањето предизвикано од:
- Дерматоза
- Уртикарија - алергија
- Убод од инсекти
- Изгореници од сонце
- Површински изгореници (изгореници од прв степен)
- Пруритус од различна етиологија
Пакување: 30 г.
Содржина
Состав: Активна супстанција: dimetindene maleate.
- 1 г гел содржи 1 мг диметинден малеат
Помошни супстанции: динатриум едетат; карбомер; натриум хидроксид; бензалкониум хлорид; пропилен гликол и прочистена вода.
Употреба: Секогаш употребувајте го лекот точно онака како што е опишано упатството или точно онака како што Ви кажал доктор или фармацевт.
Гелот Фленти се нанесува на зафатената површина од кожата 2-4 пати на ден. Лекот треба да се нанесува само на неоштетена кожа. Измијте ги рацете по нанесување на гелот (освен ако не го нанесувате гелот на рацете).
Ако симптомите Ви се влошат или ако не Ви се подобрат во рок од 3 дена од употребата на Фленти, посоветувајте се со доктор.
Мерки на претпазливост: Немојте да го употребувате гелот Фленти ако сте алергични на диметинден малеат или на некоја од другите супстанции на лекот (ако не сте сигурни, посоветувајте се со доктор или со фармацевт); на оштетена или разранета кожа. Известете го Вашиот доктор или фармацевт ако употребувате, ако неодамна сте употребувале или ако треба да употребувате кој било друг лек. Ако сте бремена, ако мислите дека сте бремена, ако планирате да забремените или ако доите, прашајте го Вашиот доктор или фармацевт за совет пред да го употребите овој лек. Не нанесувајте го гелот Фленти на голема површина од кожата за време на бременост и доење, особено ако кожата Ви е оштетена или воспалена. Ако доите, немојте да го нанесувате гелот на брадавиците. Овој лек содржи бензалкониум хлорид. Немојте да го нанесувате на градите ако доите бидејќи доенчето може да го внесе бензалкониум хлоридот преку цицањето.
Избегнувајте долготрајна изложеност на сонце на површината од кожата на која нанесувате Фленти. Известете го Вашиот доктор ако Ви се појави многу силен јадеж или големо оштетување на кожата. Избегнувајте допир на овој лек со очите или со слузницата. Гелот не смее да се нанесува на голема површина од кожата кај доенчиња и кај мали деца и не смее да се нанесува ако кожата е оштетена или воспалена.
Гелот Фленти содржи пропилен гликолп. Пропилен гликол може да предизвика иритација на кожата. Поради тоа што овој лек содржи пропилен гликол, не употребувајте го кај бебиња помали од 4 недели со отворени рани или на голема површина на распукана или на оштетена кожа (како што се изгореници) без да се посоветувате со доктор или со фармацевт.
Не употребувајте го лекот по датумот на истекот на рокот на употреба, којшто е наведен на пакувањето. Датумот на истекот на рокот на употреба се однесува на последниот ден од тој месец.
Лекот треба да се чува надвор од дофат на деца! Лекот треба да се чува во оригиналното пакување, заштитен од светлина.