AVENT Ultra Start Цуцли лажалки (0-2 месеци), 2 цуцли
Опис на производот
Avent Ultra Start Цуцла лажалка (0-2 месеци).
- Дизајнирани за новороденчиња
- 0% BPA
- 98% стапка на успех на прифаќање цуцла
- Ортодонтски
Пакување: 2 цуцли.
Содржина
Пред употреба: отстранете ги од футролата заштитниот затворач и сите лепенки. Измијте ги сите предмети и проверете дали се чисти.
Пред првата употреба: ставете ја цуцлата во врела вода 5 минути. Оставете ја да се излади и потоа истиснете ја водата од врвот на цуцлата. Со ова се обезбедува хигиена.
Пред секоја употреба: измијте ја со топла вода и неутрален сапун. НЕ користете абразивни средства за чистење. Темелно исчистете ги површините и рацете пред да ја допрете стерилизираната цуцла. Заради безбедносни и хигиенски причини, заменете ја цуцлата по 4 недели употреба.
Внимание: футролата, водата и цуцлите може да бидат жешки и по 5 минути ладење. Неточното ниво на вода, моќност или време на микробрановата печка може да предизвикаат несоодветна стерилизација и може да ги оштетат футролата или цуцлите. Користете ја футролата само со приложените цуцли. Чувајте ја футролата подалеку од дофат на деца. Внимателно проверете ја цуцлата пред секоја употреба. Повлечете ја цуцлата во сите насоки. Фрлете ја при првите знаци на оштетување или ослабување. Користете само специјални држачи за цуцли што се тестирани согласно ЕN 12586. Никогаш не прикачувајте други ленти или врвки на цуцлата, бидејќи вашето дете може да се задави со нив. Секогаш проверувајте дали вашето бебе користи точна големина на цуцла. Немојте да ја натопувате во вода и потоа да ја ставате во замрзнувач. Ова може да ја ослаби цуцлата. Секогаш користете го овој производ под надзор на возрасни лица. Ако цуцлата се заглави во устата на детето, не кревајте паника; цуцлата не може да се проголта и дизајнирана е да го издржи тоа. Извадете ја од устата што е можно попретпазливо. Никогаш не потопувајте го врвот на цуцлата во слатки течности или лекови, бидејќи на детето може да му се расипат забите. Не оставајте ја цуцлата на директна сончева светлина, во близина на извор на топлина или во растворот за стерилизација подолго од препорачаното, затоа што ова може да го ослаби врвот на цуцлата.