BABYLINO Sensitive Cotton Soft Пелени за бебиња бр. 7 (15+ кг), 36 парчиња
Опис на производот
Babylino Sensitive Cotton Soft Baby Diapers Пелени за бебиња бр. 7 (15+ кг).
- Babylino Sensitive Cotton Soft, комплетна заштита во една пелена
- Со мек памучен горен слој и екстракт од камилица за дополнителна нега на бебешката кожа
- Babylino пелените се сертифицирани со „Pure Care System“, кој вклучува многу тестови, сертификати и процедури, кои го гарантираат врвниот квалитет на пелената
З столбови на „Pure Care System“ - Нежна нега на бебешката кожа + извонредна „Dry Matrix“ апсорпција + програма за еколошка свест
1. Нежна нега на бебешката кожа
Освен природниот памук, од кој е составен горниот слој на секоја Babylino пелена, во Babylino се горди на многу сертификати кои ја докажуваат нивната грижлива нега за бебешката кожа:
- „OEKO TEX Standard 100“ – потврда за отсуство на штетни материи
- „Clinically tested EXCELLENT“ - дерматолошки тестирани
- Сертификат за производ кој не содржи латекс, лосион и парабени-според ЕУ алергени
2. Извонредна „Dry Matrix“ апсорпција
Специјално дизајнирано да понуди заштита од протекување и сувост потребна по многу часови употреба, во текот на денот и ноќта.
- Индикатор за влажност – Новитет во дизајнот на сите Babylino Sensitive Cotton Soft пелени, кој покажува кога треба да се смени пелената на бебето
- Анатомска форма
- Ултра тенки
- Меки и еластични странични бариери
3. "Environmental Practices" – Програма за еколошка свест
Редизајнирање-Редуцирање-Рециклирање
- Рециклирачка амбалажа*
- Пакување со 30% рециклирачки материјал**
- Производот е произведен од мека пулпа од одржливо шумарство каде што соодветното управување со шумите гарантира дека сечењето на дрвни производи ја одржува биолошката разновидност, продуктивноста и еколошките процеси на шумата**
*Проверете ги локалните процеси на рециклирање
**Сертифицирано и ревидирано од надворешен верификатор
Дизајнот на сите пелени е унисекс, но различен во секоја величина, со мотиви инспирирани од природата, печатени со не-азотни бои.
Пакување: 36 пелени.