BECUTAN Пенливо средство за капење со камилица, 200 мл

Alkaloid Becutan Foam Bath For Kids With Camomile 200 ml
BECUTAN Пенливо средство за капење со камилица, 200 мл
145,00 ден.
5
Просек: 5 (1 мислење)
Бренд
Шифра
013592C
725,00 ден./л
favorite_border

Опис на производот

Alkaloid Becutan Пенливо средство за капење со камилица.

Благо средство наменето за нега и заштита на нежната бебешка кожа, уште со првото капење. Зошто за првото капење?

Новороденчињата доаѓаат на свет покриени со креместа обвивка, наречена Vernix caseosa. Оваа обвивка има функција да ја штити нивната кожа во текот на целата бременост. Со цел да бидеме што поблиску до негата на која се навикнати бебињата во стомакот на мама, Becutan средството за капење со камилица содржи Glyceryl oleat - природна состојка која е составен дел на Vernix caseosa, што особено придонесува во одржувањето на заштитната функција на бебешката кожа.

Комбинацијата на висококвалитетни активни материи од природно потекло, ја превенира опасноста од сушење на кожата, дури и при често капење. Камилицата спречува појава на иритација и ја смирува кожата, Д-пантенолот ја регулира влажноста и заедно со екстрактот од пченични ‘ркулци ја прави кожата нежна, мека и еластична. Не содржи парабени.

Пакување: 200 мл.

Содржина

  • Не содржи сапун
  • Не содржи алкохол
  • Не содржи парабени
  • Клинички тестиран
  • Содржи glyceryl oleat – природна состојка која придонесува за одржување на заштитната функција на бебешката кожа
  • Со камилица и Д-пантенол
  • Има приспособена pH вредност

Мислења на потрошувачи

neno_jovanov
5
Нежност и сигурност дека кожата ќе ти биде благодарна.
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се