BECUTAN Светот на Биби - Гел за дезинфекција на раце, 75 мл

alkaloid becutan world of bibi svetot na bibi gel za dezinfekcija na race
BECUTAN Светот на Биби - Гел за дезинфекција на раце, 75 мл
93,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053570C
favorite_border

Опис на производот

Eфективната хигиена на рачињата игра многу важна улога во превенција и контрола на инфекции и во намалување на нивниот ризик. Миењето раце со сапун и вода е првиот и најважен чекор за одржување на хигиената и токму затоа најмногу внимание треба да посветиме за да им покажеме и да ги научиме дечињата како правилно да ги мијат рацете. Но кога условите не го дозволуваат тоа или е потребна дополнителна превенција заради можен контакт со вируси и бактерии, се препорачува користење средства за дезинфекција на раце.

Гелот Becutan за дезинфекција на рацете претставува хидроалкохолен раствор со докажано дејство против SARS-CoV-2, што е потврдено преку повеќе научни студии и докази за ефикасност. Содржи активна компонента етанол 70 % (v/v) и, покрај моќното вируцидно дејство, ефикасно уништува 99,9 % од бактериите што се среќаваат на кожата.

Бактерицидното и фунгицидното дејство на гелот Becutan е потврдено во надворешна акредитирана лабораторија во ЕУ, во согласност со барањата на Европската регулатива за биоцидни производи.

Гелот Becutan за дезинфекција на рацете, покрај докажаното дејство врз SARS-CoV-2, има голема ефикасност и против бактериите, кои се причинители на респираторни и гастроинтестинални инфекции. Збогатен е со состојки кои ја задржуваат природната хидратација на кожата на детските рачиња. При нанесување на кожата, производот брзо се суши и не остава леплива трага, па затоа е навистина практичен за употреба кај најмалечките.

Пакување: 75 мл

Содржина

Употреба

За хигиенска дезинфекција на рачињата (со триење): се нанесува мало количество (3 мл) гел на рацете (дланки, прсти и зглобови) и се тријат во времетраење од најмалку 30 секунди.

Се препорaчува за секојдневна употреба, а особено е практичен при патување, во училиште, во парк, на детско игралиште и секаде онаму каде што на вашето најмило ќе му биде потребна брза и ефикасна дезинфекција на рацете.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се