CHICCO DigiBaby Бебешки дигитален топломер 3 во 1
Опис на производот
Chicco Digi Baby Digital Pediatric Thermometer Дигитален топломер 3 во 1.
- Време на мерење 60 секунди
- За мерење на телесна температура под пазуви, орално и ректално
- Термометарот е напојуван со тип батерија LR-41
- Може да ја прочита телесната температура во интервал од 32-42 степени целзиусови (со толеранција од 0.1 степен)
- Не е водоотпорен
Пакување: 1 термометар.
Содржина
Начин на употреба: вклучете го термометарот со притискање на копчето ON. Дисплејот ќе биде во функција за 2 секунди. По ослободувањето на копчето дисплејот ќе го покаже последното мерење со траење од 2 секунди и потоа ознака "L". Светлелчкиот L знак е индикатор за почеток на мерење на температурата. Ставете го термометарот.
Мерење под пазуви: ставете го термометарот длабоко и во паралелна позиција под раката, потоа притиснете ја раката до телото. Оставете го термометарот најмалку 1 минути.
Орално мерење: ставете го термометарот во устата под јазикот и затворете ја устата. Оставете го термометарот најмаку 1 минути. Запамтете дека оралната температура е благо повисока од надворешната ( околу 0.5 степени).
Ректално мерење: ставете го термометарот во ректумот за неколку минути. Ако забележите отпор во текот на мерењето, веднаш застанете. За да измерите температура на новороденче легнете го детето на подлога и кренете му ги ножињата скоро до прав агол. Притоа држете му ги зглобовите за да се заштити од ненадејни движења во текот на мерењето. Запомнете дека внатрешната телесна температура е секогаш повисока од надворешната (околу 0.5 степени). Држете го термометарот барем 1 минута.
Звучниот сигнал предупредува дека мерењето е завршено. По отчитувањето исклучете го термометарот со притискање на копчето OFF (ако го оставите уклучен термометарот автоматски ќе се исклучи по 10 минути).
Како да се замени/стави батерија: термометарот е напојуван со тип на батерија LR-41. Кога дисплејот покажува стрелка надолу тоа е индикатор дека батеријата е потрошена. За да се замени батеријата начинот е следен: Извадете го капачето што ја покрива батеријата со штрафцигер, отстранете ја и заменете ја потрошената батерија.
Предупредување: пред и по употреба чистете со соодветно дезинфекционо средство. Чувајте го на сигурно место, недостапно за деца, термометарот не е играчка и никогаш не го оставајте детето без надзор. Во случај да се сомневате во точноста на термометарот консултирајте се со лице кое е задолжено за исправноста на термометарот. Чувајте го термометарот на собна температура на суво место, подалеку од извор на топлина или директно на сонце.