Чоколадни браунис
Состојки (за 12-16 браунис):
- 350 г безглутенска мешавина за чоколадни браунис Doves Farm
- 200 мл млеко
- 150 г стопен путер
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220ºС. Обложете го калапот за печење (20х25 цм) со хартија.
- Во сад ставете ја безглутенската мешавина за чоколадни браунис, додадете го млекото и мешајте. Потоа додадете го и стопениот путер и мешајте сè додека не добиете изедначена смеса.
- Истурете ја смесата во калапот за печење и печете 12-15 минути. Кога колачот ќе се олади, пресечете го на коцки.
- Доколку сакате арома на капучино, во смесата додадете лажица инстант кафе.
- Откако ќе се испече наросете шеќер во прав.
Може да ја збогатите и со додавање на јатки или суво овошје.