COREGA Power Max Крема за фиксирање на протеза за заби, 40 г

Corega Power Max Hold&Seal 40g fiks krema za protezi za zabi
COREGA Power Max Крема за фиксирање на протеза за заби, 40 г
402,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055431C
favorite_border

Опис на производот

COREGA Power Max Hold & Seal Крема за фиксирање на протеза за заби која е дизајнирана да помогне да се запечати преминот на храната и да се заштити од честички од храна кои можат да ги иритираат вашите непца, истовремено обезбедувајќи цврсто и долготрајно држење.

  • Создава супериорна непропустливост* и помага да се спречи заглавување на храната помеѓу вашите протези и непца
  • Супериорна покриеност на површината**
  • Обезбедува цврстина која трае до 12 часа
  • Значително ја зголемува силата на загризување***
  • Формулација без вкус
  • Новата, прецизна млазница со пофин врв овозможува оптимална количина на производ да се нанесе по рабовите на вашите протези за целосно затворање на преминот за храна

*Врз основа на покривање на површината, споредено со стандардниот Corega крем при лабораториско тестирање
**На горната протеза во споредба со стандардниот Corega крем при лабораториско тестирање
***Во споредба со протезата без употреба на фиксатор

Кремот за фиксирање на протези Corega Max Hold + Seal дава предности благодарение на кои може да ги одржувате вашите протези удобни и безбедни за да можете слободно да уживате во храната што ја сакате, без разлика дали јадете дома или надвор.

Нето-тежина: 40 г.

Содржина

Состав: calcium/sodium PVM/MA copolymer, petrolatum, cellulose gum, paraffinum liquidum.

Упатство за употреба: При првата употреба користете мала количина од кремата. Нанесете повеќе, доколку е потребно. Користење на преголема количина од кремата може да доведе до нејзино истекување, доколку тоа се случи следниот пат нанесете помалку. Можеби ќе биде потребно да нанесете неколку пати додека да заклучите која е адекватната количина за Вашите забни протези. Нанесете еднаш дневно за сигурно фиксирање на протезата. Доколку имате потреба да нанесете повеќе од еднаш дневно, побарајте совет од Вашиот стоматолог.

Нанесување:
1.Исчистете и исушете ги вашите протези за заби.
2. Нанесете го производот во кратки ленти како што е прикажано на сликата, не премногу блиску до ивиците на протезата за заби.
3. Исплакнете ја устата со вода пред да ги ставите протезите.
4. Ставете ја протезата за заби на место, цврсто држете а потоа загризете неколку
секунди за да осигурате цврсто држење.

Отстранување:
1. Исплакнете ја устата со вода.
2. Полека отстранете ја протезата за заби користејќи движења на климнување.
3. Отстранете ги остатоците од крема од протезата за заби и од устата со топла вода и мека четка за заби.
4. Користете Corega таблети за чистење на протези за заби како би ги исчистиле детално и исплакнете ги со вода.

Мерки на претпазливост: Чувајте подалеку од вид и дофат на деца. Некои луѓе може да бидат чувствителни или алергични на овој производ. Во случај на појава на алергиска реакција или непријатност престанете со употребата веднаш. Може да се појават други несакани ефекти како иритација на усната шуплина или гастроинтестинални симптоми (на пример мачнина). Проголтување на мала количина, кога се користи според упатството, може да се случи и тоа не е штетно по здравјето. Неправилно наместени протези за заби може да го влошат Вашето здравје. Редовно посетувајте го Вашиот стоматолог да проверите дали одговара протезата за заби. За да спречите запушување на врвот на тубата, капачето и апликаторот треба да бидат суви. Затворете ја тубата со капачето по употреба.

Начин на чување: Да се чува на суво место.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се