CURAPROX Perio Plus Focus Парадонтален гел 10 мл

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје
Опис на производот
CURAPROX Perio Plus+ Focus пародонталниот гел содржи 0,5% хлорхексидин (CHX), CITROX® и хијалуронска киселина. Хлорхексидинот ефикасно го спречува создавањето на забните наслаги, додека CITROX® докажано го зголемува ефектот на хлорхексидинот, со пријатен вкус и не влијае врз сетилото за вкус. Хијалуронската киселина ефикасно ја подобрува регенерацијата на ткивата после орално-хируршки интервенции.
CITROX® е природен екстракт на девет природни биофлавоноиди од горчлив портокал. Биофлавоноидите имаат широк и моќен антибактериски ефект. Потполно е природен и нема несакани ефекти. CITROX® во комбинација со хлорхексидин има поголема ефикасност отколку хлорхексидинот поединечно.
Пародонталниот гел е наменет за локална употреба. За негова едноставна апликација може да се користи CURAPROX CS Surgical четката за заби или CURAPROX CPS интерденталните четкички.
Наменет е за КРАТКОТРАЈНА и интензивна употреба (3-7 дена).
Предности на производот:
- Содржи 0,5% хлорхексидин кој го намалува создавањето на забните наслаги
- Содржи CITROX® кој делува антибактериски
- Содржи хијалурнска киселина која ја подобрува регенерацијата на оралната слузокожа после орално хируршки интервенции.
Пакување: 10 мл
Содржина
Употреба:
- За локална употреба како интензивна поддршка во третманот на пародонталните заболувања
- Поради хијалуронската киселина во својот состав, ефикасно го забрзува процесот на регенерација на ткивата после оперативен зафат
- За едноставна примена и апликација може да се користи четка за заби CURAPROX CS Surgical или интердентални четкички CURAPROX CPS
- За КРАТКОТРАЈНА интензивна употреба (3-7дена)