CURAPROX Сет Perio Plus Паста 75 мл + CS 5460 Ultra soft Четка за заби

CURAPROX Сет Perio Plus Паста 75 мл + CS 5460 Ultra soft Четка за заби
796,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
050906C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

CURAPROX Perio Plus+ Support пастата за заби содржи 0,09% хлорхексидин (CHX),CITROX®,230 ppm натриум флуорид и хијалуронска киселина. Хлорхексидинот го спречува создавањето на забни наслаги, додека CITROX® докажано го зголемува дејството на хлорхексидинот, со пријатен вкус е и не влијае на сетилото за вкус. Пастата за заби содржи и кополимер PVP/VA кој создава заштитен слој на слузокожата и забите. Не содржи содиум лаурил сулфат ЅLS (eng. SLS).

CITROX® е природен екстракт од девет биофлавоноиди од горкиот портокал. Биофлавоноидите имаат моќен и широк антибактериски ефект. Потполно е природен и без несакани ефекти. CITROX® во комбинација со хлорхексидинот овозможува поголема ефикасност отколку хлорхексинот поединечно.

Perio Plus+ Support пастата за заби е идеална за употреба заедно со било која Perio Plus+ течност за испирање на уста.

Наменета е за краткотрајна употреба до 4 недели.

Предности на производот:

  • 0,09% CHX го спречува создавањето на забни наслаги
  • CITROX® делува антибактериски
  • 230 ppm натриум флуорид
  • Хијалуронскта киселина ја забрзува регенерацијата на ткивата после орално хируршки интервенции
  • Без ЅLS

Пакување: 75 мл

Curaprox CS 5460 Ultra Soft

Ефективно ги отстранува забните наслаги, дури и таму каде што започнува воспалението на непцата - на работ помеѓу забот и непцето.

Четка за заби за сите кои ги сакаат своите непца. Четката за заби CS 5460 "ultra soft" е исклучително мека и ефикасна при отстранување на забните наслаги, дури и од работ на непцето. Со нежно четкање, и употреба на минимален притисок, четката го задржува својот облик и цврстина, а благодарение на малата и компактна глава овозможува лесен пристап и до тешко достапните места во устата.

Пакување: 1 четка

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се