DEFENDYL Имуноглукан сируп, 120 мл

Medis Defendyl Imunoglukan P4H, 120 ml Syrup sirup defendil imunoglukan
DEFENDYL Имуноглукан сируп, 120 мл
850,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
031856C
favorite_border

Опис на производот

Medis Defendyl-Imunoglukan P4H® Дефендил Имуноглукан сирупот е додаток на исхраната кој содржи природен полисахарид Имуноглукан® (плеуран, изолиран од печурката буковка) и витамин Ц.

  • Витаминот Ц придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем

  • Погоден за дијабетичари и вегетаријанци

  • Не содржи глутен

  • Сирупот е наменет за деца и возрасни на кои повеќе им одговара додаток на исхрана во течна форма

Пакување: 120 мл.

Производител: MEDIS Медис д.о.о., Љубљана, Словенија во соработка со Плеуран, с.р.о. ЕУ

Содржина

Состав: вода, фруктоза, IMG® (плеуран, изолиран од печурката буковка), витамин Ц (Л-аскорбинска киселина), регулатор на киселост: лимонска киселина, конзерванс: калиум сорбат.

Енергетска вредност во 1 мл: 0.3 kcal/1.3 kJ.

Употреба

  • Сируп земете еднаш на ден, најмалку 2-3 месеци
  • Сирупот се зема на празен желудник наутро или навечер пред спиење
  • Може да го користат деца од 1 до 3 години, но само по совет на лекар
  • Пред употреба добро протресете го шишето

Препорачана доза:

Возраст (години) Препорачана количина (мл) IMG®
(плеуран, изолиран од печурка буковка) (мг)
Витамин Ц (мг)
1-3 3 30 30 (38%ПДВ*)
4-6 4 40 40 (50%ПДВ*)
7-10 4,5 45 45 (56%ПДВ*)
деца над 14 години и возрасни 14 140 140 (175%ПДВ*)

*ПДВ - Препорачан дневен внес

Мерки на претпазливост: Додатокот на исхрана не е замена за балансирана и разновидна исхрана како и здрав начин на живот. Препорачаната дневна доза не смее да се надмине.

Дефендил Имуноглукан P4H® сирупот не смеат да го употребуваат пациенти со пресадени органи. Пациентите кои се на имуносупресивна терапија може да употребуваат Defendyl-Imunoglukan P4H® сируп само по препорака на лекар. Defendyl-Imunoglukan P4H® сирупот може да го земаат бремени жени и доилки само со консултација со лекар или фармацевт.

Да се чува вон дофат на деца! Да се чува на температура 5 - 25ºС, заштитено од влага и од директна сончева светлина. После првото отварање, сирупот да се чува во фрижидер на температура од 2 до
8ºС и да се употреби во рок од три месеци. Во сирупот може да се формираат бели кристали кои немаат влијание врз квалитетот на сирупот!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се