Зегин активно ја поддржува заедницата преку донации и хуманитарни акции за различни цели – од помош на ранливи групи и семејства во потреба, до поддршка на здравствени и социјални проекти. Ние веруваме дека секоја донација и секој хуман гест го менува животот на некого. 🤝💙 🔹 Добијте информации за нашите реализирани донации и учества во хуманитарни активности.

Зегин Спектратон е хуманитарна трка во Скопје која има за цел поддршка на иницијативи за лица со аутистичен спектар и промоција на инклузивно општество. Учесниците трчаат или учествуваат рекреативно, а средствата од котизациите се донираат за организации кои работат на инклузивни активности и поддршка на семејства. Преку заедничко трчање, учесниците испраќаат порака за разбирање, прифаќање и еднакви можности за сите 🤝









