DR. MELAXIN Astaxanthin Лист маска за осветлување на тенот на кожата, 25 г
Опис на производот
Dr. Melaxin Astaxanthin Whitening Ampoule Mask Pack Лист маска за осветлување на тенот на кожата.
Збогатена со убиквинон и астаксантин - моќен антиоксиданс, и активни состојки за осветлување, оваа маска овозможува интензивна хидратација на кожата, помага во изедначување и осветлување на тенот, намалување на пигментацијата, давајќи и на кожата сјај и младешки изглед.
Изработена е од вегански сертифицирана Skincell ткаенина со висока апсорпција, обезбедувајќи интензивна хидратација. Тенката, но моќно впивачка структура задржува богата количина есенција за долготрајни придобивки.
- Помага во намалување на пеги, флеки и нерамномерен тен, давајќи ѝ на кожата посветол и порамномерен изглед
- Ја штити кожата од слободни радикали и спречува предвремено стареење
- Длабински ја храни кожата, спречувајќи сушење и затегнатост
- Помага во изедначување на површината на кожата, правејќи ја понежна и поцврста
Клучни состојки и нивно дејство:
- Astaxanthin – Моќен антиоксиданс, 6.000 пати посилен од витамините, кој го инхибира производството на меланин, помага во изедначување на тенот, ја намалува пигментацијата, ја осветлува кожата, ги неутрализира слободните радикали и се бори против мелазмата
- Tranexamic Acid (Транексамска киселина) – ја намалува хиперпигментацијата, го осветлува тенот и го смирува црвенилото
- Niacinamide (2%) – Го изедначува тенот, ги избледува темните дамки, ја регулира продукцијата на себум и ја подобрува еластичноста
- Ascorbic Acid (Витамин Ц - аскорбинска киселина) е антиоксиданс што го осветлува тенот и е идеален за хиперпигментација и кожа склона на пеги
- Arginine е аминокиселина што ја подобрува микроциркулацијата, ја чисти кожата, елиминира пигментација и ги измазнува брчките
- Adenosine го стимулира производството на колаген и еластин, ја затегнува кожата, ги измазнува брчките и има лековито дејство
Типови на кожа: погоден за сите типови кожа, особено за зрела, безживотна кожа со нерамномерен тен, сува и дехидрирана кожа, како и чувствителна кожа.
Пакување: 25 г.
Содржина
Состав: вода, бутилен гликол, глицерин, ниацинамид, каприлик/каприк триглицериди, полиглицерин-3, дипропилен гликол, 1.2-хександиол, хидроксиацетофенон, С14-22 алкохоли, цетеарил оливат, карбомер, сорбитан оливат, аргинин, алантоин, С12-20 алкил глукозид, етилхексилглицерин, ксантан гума, аденозин, хидроксиетилцелулоза, астаксантин, динатриум ЕДТА, полиглицерил-3 метилгликоза дистеарат, убиквинон, хидролизиран екстракт од Gardenia Florida, малтодекстрин, гликоза, аскорбинска киселина, транексамична киселина, тиоктична киселина.
Употреба: По чистење на лицето, нанесете тонер. Отворете го пакувањето и ставете ја маската на лицето. Оставете ја 10-20 минути да делува и потоа отстранете ја. Нежно измасирајте го остатокот од маската на кожата на лицето за да се апсорбира.
Користете 2–3 пати неделно за најдобри резултати.
Мерки на претпазливост: Престанете со употреба, ако се појави црвенило, оток или чешање. Консултирајте се со специјалист ако симптомите продолжат. Да не се употребува на кожа со отворени рани. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од директна сончева светлина.
