DR. MELAXIN Astaxanthin Серум за осветлување на тенот на кожата, 30 мл

Dr. Melaxin Astaxanthin Extra Whitening Ampoule 30 ml serum za osvetluvanje na tenot na kozata
DR. MELAXIN Astaxanthin Серум за осветлување на тенот на кожата, 30 мл
1.399,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
059861C
46.633,33 ден./л
favorite_border

Опис на производот

Dr. Melaxin Astaxanthin Extra Whitening Ampoule Серум за осветлување на тенот на кожата.

  • Дерматолошки тестирано

Ефективна формула за нега на чувствителна кожа со состојки кои помагаат за зацврстување на кожата, нејзина хидратација и потхранување и осветлување на тенот давајќи и на кожата сјај и младешки изглед. Со збогатен комплекс од антиоксиданси и растителни компоненти за корекција на различни видови на хиперпигментација, вклучувајќи и хиперпигментација предизвикана од возрасни промени, како и мелазма. 

  • Помага во намалување на старечките пеги, флеки и темни дамки, давајќи му на тенот порамномерна и посјајна боја
  • Помага во подобрување на текстурата на кожата, правејќи ја помека и поцврста
  • Одржува оптимални нивоа на влажност и ја подобрува состојбата на кожата
  • Брзо се апсорбира и не остава масен сјај, што го прави идеален за употреба наутро и навечер

Клучни состојки и нивно дејство:

  • Astaxanthin – Моќен антиоксиданс, 6.000 пати посилен од витамините, го инхибира производството на меланин, ја намалува пигментацијата, ја осветлува кожата, ги неутрализира слободните радикали, помага во изедначување на тенот без иритација и се бори против мелазмата
  • Niacinamide (2%) – Ги избледува темните дамки, го изедначува тенот и ја подобрува еластичноста на кожата
  • Tranexamic Acid (Транексамска киселина) – ја забавува синтезата на меланин во клетките на епидермисот, спречува појава на пигментација и ги елиминира стагнираните флеки без да предизвика иритации и фотосензитивност. Ефикасна е и за превенција на купероза и розацеа
  • Алфа-липоична киселина (тиоктична киселина) се користи во борба против гликацијата на колаген и еластински влакна, ја враќа еластичноста и цврстината на ткивата, спречува птоза, го изедначува тенот, го елиминира уморниот изглед на кожато, старечките пеги и белезите од акни
  • Ascorbic Acid (Витамин Ц - аскорбинска киселина) - има антиоксидативно дејство, ја штити кожата од слободните радикали, го забавува процесот на стареење, спречува појава на пигментација и го изедначува тенот, дава природен сјај

Типови на кожа: Погоден за сите типови кожа, особено за зрела, безживотна кожа со нерамномерен тен, сува и дехидрирана кожа, како и чувствителна кожа.

Пакување: 30 мл.

Rutina Botton za korejska kozmetika od Zegin

 

Содржина

Состав: прочистена вода, бутилен гликол, фенил триметикон, ниацинамид, транексамична киселина, 1.2-хександиол, каприк/каприк триглицериди, полиглицерил-6 дикапрат, аргинин, карбомер, етилхексилглицерин, аденозин, астаксантин (100.000 ppb), екстракт од цвет од гуава, екстракт од лист од гуава, бетаин, екстракт од лист од босилек, екстракт од корали, екстракт од плод на Coccinia grandis, екстракт од корен од куркума, аскорбинска киселина, токоферол, тиоктинска киселина, термотермофилен фермент, глицерин, калиум сорбат.

Употреба:

  1. Чистење и тонирање – Започнете со чисто лице и нанесете тоник
  2. Нанесување ампула/серум – Земете неколку капки и нежно втапкајте во кожата. Нанесете два пати на области со повеќе дамки
  3. Масирање и апсорпција – Лесно притиснете за подобро впивање
  4. Хидратација – Задржете ја влагата во кожата со омилениот крем
  5. Секојдневна употреба – Користете наутро и навечер за најдобри резултати (Наутро задолжително нанесете заштитен фактор!)

Мерки на претпазливост: Престанете со употреба, ако се појави црвенило, оток или чешање. Консултирајте се со специјалист ако симптомите продолжат. Да не се употребува на кожа со отворени рани. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да се чува на места подалеку од директна сончева светлина. 

После првото отварање да се користи до 12 месеци.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се