DR. MULLER Ехинацеа со витамин Ц, 24 пастили за грло

Dr. Muller Echinacea and Vitamin C 24 pastilles, ehinacea so vitamin C
DR. MULLER Ехинацеа со витамин Ц, 24 пастили за грло
198,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
062165C
99,00 ден./парче
favorite_border

Опис на производот

Dr. Muller Echinacea, Vitamin C Ехинацеа со витамин Ц е медицинско средство.

  • Пастили наменети за олеснување на придружни симптоми при инфекции на устата, грлото и горниот дел од респираторниот систем
  • Дејството на пастилите во телото не се постигнува со фармаколошки, имунолошки или метаболички одговор на организмот, туку благодарение на нивните физички својства
  • Пастилите имаат сладок вкус, кој предизвикува рефлексно зголемување на создавањето на плунка во усната празнина и слуз во дишните патишта. На тој начин, се формира заштитен и навлажнувачки слој на површината на слузокожата
    • Заштитниот слој, ги олеснува симптомите поврзани со настинки, инфекции на устата, грлото или горниот дел од респираторниот систем
  • Производот е наменет за употреба кај возрасни и деца од четири години (под надзор на возрасно лице)
  • Освен ехинацеа и витамин Ц, содржи и други растителни екстракти како: сладок корен (сладунец), тегавец, капина од родот Rubus, нане, камилица, еукалиптус, морач, бозел, синчец, липа, велигденче (медуника), црн слез, невен, жалфија, ајдучка трева, јаглика, анасон, мајчина душица, лопен (дивизма).

Индикации: засипнатост и напрегање на гласот, сува и надразнителна кашлица, влажна и продуктивна кашлица, воспаление на грлото и усната празнина, болно и надразнето грло, инфекции на горниот дел од респираторниот систем.

Намена:

  • Превенција при инфекции на горниот дел од респираторниот систем
  • При засипнатост и напрегање на гласот
  • Ослободување од симптоми при влажна и продуктивна кашлица
  • Ослободување од симптоми при воспаление на грлото и усната празнина
  • Ослободување од симптоми при сува и надразнителна кашлица
  • Ослободување од симптоми при болно и надразнето грло

Пакување: 24 пастили.

 

Содржина

Состав: сахароза (68-62%), гликозен сируп (37-39%), Echinacea purpurea екстракт од талус од ехинацеа, мед (0.0004–0.5 %), аскорбинска киселина, анетол, ментол, Eucalyptus globulus масло од лист од еукалиптус, калиум сорбат, вода, растителни екстракти (Glycyrrhiza glabra екстракт од корен од растението сладок корен (сладунец), Plantago lanceolata екстракт од лист од тегавец, Rubus fruticosus екстракт од лист (европски вид капина од родот Rubus), Mentha piperita екстракт од лист од нане, Chamomilla recutita екстракт од цвет од камилица, Eucalyptus globulus екстракт од лист од еукалиптус, Foeniculum vulgare екстракт од плод од морач, Sambucus nigra екстракт од цвет од бозел, Cetraria islandica екстракт од талус (исландски лишај), Centaurea cyanus екстракт од цвет од синчец, Tilia cordata екстракт од цвет од липа, Pulmonaria officinalis растителен екстракт од велигденче (медуника), Malva sylvestris екстракт од цвет од црн слез, Calendula officinalis екстракт од цвет од невен, Salvia officinalis екстракт од лист од жалфија, Achillea millefolium екстракт од цвет од ајдучка трева, Primula veris екстракт од цвет од јаглика, Pimpinella anisum екстракт од плод од анасон, Thymus vulgaris растителен екстракт од мајчина душица, Verbascum densiflorum екстракт од цвет од лопен (дивизма)).

Можни се мали разлики во бојата на пастилите која се јавува поради присуството на природни екстракти. Овие разлики немаат влијание на квалитетот на производот.

Начин на употреба: ставете ја пастилата во устата и оставете полека да се раствори. Немојте да ги голтате или џвакате пастилите. Немојте да пиете ништо по земање на пастилата (околу 20 минути). На тој начин ќе овозможите доволно долго дејство на пастилата.

Контраиндикации: деца под 4 годишна возраст, бремени жени и доилки, позната хиперсензитивност на било која состојка во состав на производот, постоперативни состојби на усната празнина; присуство на рани во усната празнина.

Предупредување: при истовремена употреба на други производи кои делуваат во усната празнина или грло, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Употребата на пастилите кај деца мора да биде под надзор на возрасно лице. Потребно е посебно внимание при употреба на пастилите кај мали деца и лица кои имаат потешкотии со дишење и голтање, поради зголемен ризик од задушување. Да не се употребува по истекување на рокот на употреба, наведен на пакувањето. Да не се употребува ако е оштетено пакувањето.

Начин на чување: да се чува на места недостапни на деца. Да се чува на температура од +5°C до +25°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се