ENGELHARD Nisita Маст за нос, 10 г

Engelhard Salveo Nisita Nasal Ointment 10 g, mast za nos
ENGELHARD Nisita Маст за нос, 10 г
387,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052808C
favorite_border

Опис на производот

Engelhard Nisita Маст за нос.

  • Се користи во случај на сува носна слузница
  • Како помошна терапија при затнат нос (на пр. при обична настинка)
  • За чистење и навлажнување на носната слузница, на пр. во случаи на сув воздух во просторијата
  • За полесно отстранување на закоравени наслаги (крусти) во носот
  • Не содржи конзерванси и е наменета за употреба кај возрасни, деца и доенчиња

Пакување: 10 г.

Слузница на дишните патишта:

  • Дишните патишта се обложени со слузница која овозможува нормално функционирање на дишните органи. Во слузницата на горните дишни патишта има жлездени клетки и влакненца (т.н. цилии). Жлездените клетки лачат течност (секрет) кој го навлажнува воздухот што го вдишуваме (приближно 10.000 литри дневно) а во исто време ја апсорбираат прашината, нечистотијата, бактериите итн. Цилиите со своите континуирани движења ги транспортираат задржаните честички надвор од дишните патишта, према надворешната средина или пак преку грлото во желудникот. Недоволното влажнење го пореметува овој процес и со тоа е олеснето навлегувањето на бактерии и нечистотијата, пореметен е и осетот за вкус и мирис, а освен тоа може да дојде и до надразнување на слузницата

Нашиот нос - функција и задача:

  • Носот има повеќе функции. Покрај тоа што служи како одбрамбена линија од страните тела и штетните микроорганизми, тој служи и како терморегулатор на воздухот кој го вдишуваме, односно во текот на зимата ладниот воздух се загрева и во текот на летото топлиот воздух се лади. На тој начин во белите дробиви доаѓа навлажен воздух, со телесна температура, од кој се отстранети прашината и микроорганизмите. Поради оваа причина, воздухот треба секогаш да се вдишува преку носот, а не преку уста. Во случај кога слузницата е исушена, носот не е во состојба да ги изврши своите задачи

Сува слузница на носот:

  • Претставува чест проблем кој не само што се однесува на сите возрасни групи, но исто така се јавува во текот на целата година. Исушените наслаги во носот (крусти), кои се формираат во тој случај, не се само непријатни, туку може да бидат и болни
  • Сувата слузница го нарушува нормалното дишење, чувството за вкус и мирис и го олеснува продорот на страни тела и патогени микроорганизми во дишните органи, со што се зголемува ризикот од инфекции што значително влијае врз квалитетот на животот
  • Причини кои доведуваат до сушење на носната слузница
    • Несакани дејства на одредени лекови
    • Одредени болести, како што се дијабетес или ревматски заболувања
    • Климатизација или греење на просториите
    • Прашина или други надразнувачки материјали
    • Возраст

Препораки и третман

  • Исцелителната моќ на солта (натриум хлорид) се користи од страна на луѓето повеќе стотици години. Според тоа, престој покрај солен морски воздух и инхалациите со солена вода, доведуваат до олеснување на тегобите при болести на респираторниот тракт. Солите содржани во маста создаваат влажност во носот која се должи на нивниот хигроскопски ефект

Содржина

Состав: 100 г маст содржи: 2.8 г натриум хлорид и 7.2 г на натриум хидрогенкарбонат.

Останати состојки: ланолин алкохол, масло од лимон, бел вазелин, триглицериди со средна должина на ланец, течен парафин, цетостеарил алкохол.

Употреба: да се стави околу 1 цм маст во секоја ноздра, неколку пати на ден, како и пред спиење. Воведете го врвот од тубата во секоја ноздра, колку што е можно подлабоко, истиснете мала количина маст и потоа со блага масажа на надворешната површина на носот овозможувате распоредување на маста во носната шуплина.

Nisita маст за нос може да се истисне на стапче за нос, кој после внимателно се внесува во носната шуплина.

Од хигиенски причини и за да се избегне инфекција, тубата Nisita маст за нос треба да ја користи само една личност. После секоја апликација на маста, врвот на тубата треба да се избрише.

Nisita маст за нос, по потреба може да се користи подолг временски период. Ако нема подобрување по 14 дена од третманот, ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Предупредување: ве молиме пред употреба, внимателно прочитајте го упатството, бидејќи содржи важни информации за тоа на што треба да обратите внимание при употреба на овој производ. Доколку имате дополнителни прашања, обратете се кај Вашиот лекар или фармацевт. Nisita маст за нос не смее да се користи во случај на хиперсензитивност на било која од состојките што се содржани во маста. Кога се користи правилно како што е пропишано во ова упатство, не е потребно да се преземаат посебни мерки на претпазливост. Меѓутоа, после операции или повреди на носот, треба да се консултира лекар пред да се користи Nisita маст за нос. Нема достапни податоци кои укажуваат дека употребата на Nisita маст за нос за време на бременост и доење може да има штетни последици.

Чувајте ја Nisita маст за нос во оригиналното пакување (картонската кутија) со цел да се избегнат можни оштетувања на тубата во текот на секојдневната употреба, Nisita маст за нос содржи мешавина на течни и цврсти масти, кои при непрописно чување (на температура под 15°С или над 25°С) може делумно да се промени. При повисоки температури може да дојде до делумно одвојување на компонентите на маста. Како резултат на тоа, при употребата, низ тубата прво истекува малку масло. Во случај на чување на пониска температура, може да дојде до стегање на маста и поради тоа, малку потешко да се истиснува маста од тубата. Со цел да се избегне оштетување на тубата, на пр. од постојано виткање како би ја истиснале маста, секогаш треба да се истиснува маста од задниот кон предниот дел на тубата. Малите количини на воздух во тубата, кои се јавуваат како резултат на постапката на полнење, не влијаат ниту на ефикасноста на производот, ниту на квантитативното полнење.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се