ENGELHARD Nisita Спреј за нос, 20 мл

Engelhard Salveo Nisita Nasal Spray 20 ml sprej za nos
ENGELHARD Nisita Спреј за нос, 20 мл
447,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
030665C
favorite_border

Опис на производот

Engelhard Nisita Спреј за нос.

  • Ја штити носната слузница од сушење кога воздухот е пресушен
  • Го спречува контактот на надразнувачките материи од воздухот со носната слузница
  • Ја навлажнува носната слузница
  • Го олеснува отстранувањето на исушените наслаги (крусти) во носот
  • Помошна терапија при настинка кај деца и доенчиња
  • Го подобрува дишењето преку нос и на тој начин може да го намали ʼрчењето
  • Го поддржува процесот на регенерација на оштетената носна слузница во случај на настинки, крварење од нос и постоперативно

Nisita спреј за нос не содржи конзерванси и е наменет за употреба кај возрасни, деца и доенчиња.

Исцелителната моќ на солта (натриум хлорид) се користи од страна на луѓето повеќе стотици години. Познато е дека престојот на море или во бањи со солена вода е корисно за луѓето со заболувања на респираторниот тракт. Солите содржани во спрејот создаваат влажност во носот која се должи на нивниот хигроскопски ефект.

Пакување: 20 мл.

  • Дишните патишта се обложени со слузница која овозможува нормално функционирање на дишните органи. Во слузницата на горните дишни патишта има жлездени клетки и влакненца (т.н. цилии). Жлездените клетки лачат течност (секрет) кој го навлажнува воздухот што го вдишуваме (приближно 10.000 литри дневно) а во исто време ја апсорбираат прашината, нечистотијата, бактериите итн. Цилиите со своите континуирани движења ги транспортираат задржаните честички надвор од дишните патишта, према надворешната средина или пак преку грлото во желудникот. Недоволното влажнење на слузницата го пореметува овој процес и со тоа е олеснето навлегувањето на бактерии и нечистотијата, пореметен е и осетот за вкус и мирис, а освен тоа може да дојде и до надразнување на слузницата
  • Носот има повеќе функции. Покрај тоа што служи како одбрамбена линија од страните тела и штетните микроорганизми, тој служи и како терморегулатор на воздухот кој го вдишуваме, односно во текот на зимата ладниот воздух се загрева и во текот на летото топлиот воздух се лади. На тој начин во белите дробиви доаѓа навлажен воздух, со телесна температура, од кој се отстранети прашината и микроорганизмите. Поради оваа причина, воздухот треба секогаш да се вдишува преку носот, а не преку уста. Во случај кога слузницата е исушена, носот не е во состојба да ги изврши своите задачи

Сува слузница на носот:

  • Претставува чест проблем кој не само што се однесува на сите возрасни групи, но исто така се јавува во текот на целата година. Исушените наслаги во носот (крусти), кои се формираат во тој случај, не се само непријатни, туку може да бидат и болни
  • Сувата слузница го нарушува нормалното дишење, чувството за вкус и мирис и го олеснува продорот на страни тела и патогени микроорганизми во дишните органи, со што се зголемува ризикот од инфекции што значително влијае врз квалитетот на животот

Причини кои доведуваат до сушење на носната слузница:

  • Несакани дејства на одредени лекови
  • Одредени болести, како што се дијабетес или ревматски заболувања
  • Климатизација или греење на просториите
  • Прашина или други надразнувачки материјали
  • Возраст

Содржина

Состав: 1 мл изотоничен раствор содржи 3.3 мг натриум хлорид и 8.3 мг на натриум хидрогенкарбонат.

Останати состојки: пречистена вода

Употреба: 

Доколку е потребно, возрасни и деца (од 2 години па нагоре): 1-2 прскања во секоја ноздра, неколку пати на ден.

Доенчиња и деца (на возраст до 2 години): 1 прскање во секоја ноздра, неколку пати на ден.

Пред употреба, извадете го заштитното капаче.

  1. Повлечете го надоле неколку пати механизмот на пумпицата додека не излезе првиот млаз од спрејот. Сега спрејот е подготвен за понатамошна употреба.
  2. Вметнете го врвот на апликаторот во ноздрата, а потоа повлечете го механизмот на пумпицата. Притоа, шишето треба да биде во вертикална положба и да не се наведнува главата наназад. Во текот на процесот на распрскување на спрејот, вдишете лесно преку носот. На крајот, механизмот на пумпицата постепено се отпушта и апликаторот нежно се извлекува од ноздрата.

Nisita® спреј за нос се распрснува во мали капки (како магла) и се употребува во случај на сува носна слузница

  • Како помошна терапија при затнат нос (на пр. при обична настинка)
  • За чистење и навлажнување на носната слузница, на пр. во случаи на сув воздух во просторијата
  • За полесно отстранување на закоравени наслаги (крусти) во носот

Од хигиенски причини и да се избегне инфекција, шишето Nisita спреј за нос треба да го користи само една личност. После употреба, апликаторот треба да се избрише и исуши, и да се стави заштитното капаче.

Nisita® спреј за нос, по потреба може да се користи подолг временски период. Ако нема подобрување по 14 дена од третманот, ве молиме консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт

Предупредување: кога се користи правилно како што е пропишано во ова упатство, не е потребно да се преземаат посебни мерки на претпазливост. Меѓутоа, после операции или повреди на носот, треба да се консултира лекар пред да се користи Nisita спреј за нос. Нема достапни податоци кои укажуваат дека употребата на Nisita спреј за нос за време на бременост и лактација може да има штетни последици. Спрејот за нос може да се користи само до датумот втиснат на пакувањето. По првото отворање, спрејот за нос не смее да се користи повеќе од 6 недели. 

Да се чува подалеку од вид и дофат на деца!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се