ENGELHARD Tyrosur Гел за рани, 15 г
Опис на производот
Engelhard Tyrosur Гел за рани.
- Гелот ја содржи активната супстанција тиротрицин која припаѓа на групата антибиотици за локална примена
- Гелот се користи за лекување на мали површински и умерено влажни рани како што се исекотини и гребаници, со присуство на суперинфекција предизвикана од бактериски причинители чувствителни на тиротрицин
- Тиросур гел е наменет за возрасни лица и деца постари од 1 година
Пакување: 15 г.
Содржина
Состав: активната супстанца е тиротрицин.
- 1г гел содржи 1 мг тиротрицин.
Помошни супстанци се: цетилпиридиниум-хлорид, пропиленгликол, етанол (96%), карбомер, трометамол, вода, пречистена.
Употреба: секогаш земајте го овој лек точно како што Ви објаснил Вашиот лекар. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Доколку Вашиот лекар не пропишал поинаку, следната доза е вообичаена за возрасни и деца:
- Туросур гел се нанесува 2-3 пати дневно во доволна количина за целосно да ги покрие повредените делови од кожата
- Кај помали рани или воспаление на кожата на откриените делови на телото, не е неопходна употреба на завој
- Во случај на поголеми рани или многу влажни рани, се препорачува употреба на заштитен завој, кој треба да се менува по 1-2 дена или според упатството на лекарот
За надворешна употреба на кожа.
Времетраењето на лекувањето зависи од клиничките манифестации. Во случај да не дојде до подобрување по 7 дена, мора да се консултирате со лекар.
Ако мислите дека дејството на лекот е пресилно или преслабо, веднаш консултирајте се со лекар.
Ако сте примениле повеќе од гелот Тиросур отколку што треба, не се очекуваат никакви последици. Продолжете со лекувањето како што е опишано погоре. Ако, покрај тоа, се присутни невообичаени симптоми, консултирајте се со Вашиот лекар.
Ако сте заборавиле да го примените лекот Тиросур гел продолжете со лекувањето како што е опишано погоре. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.
Доколку престанете со лекување со гелот Тиросур, нема да го постигнете посакуваното дејство.
Ако имате дополнителни прашања за примена на овој лек, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Предупредување:
Тиросур Гел не смее да се применува:
- Доколку сте алергични (пречувствителни) на тиротрицин или на која било од помошните супстанци на овој лек
- На носната слузница
Разговарајте со Вашиот лекар или фармацевт пред да го примените Тиросур гел. Потребна е посебна претпазливост при нанесување на лекот во пределот блиску до очите. Лекот не смее да дојде во допир со очите. Доколку лекот дојде во допир со очите може да предизвика чувство на печење. Известете го Вашиот лекар или фармацевт доколку земате, до скоро сте земале или можеби ќе земате кои било други лекови, вклучувајќи ги и оние кои можат да се купат без лекарски рецепт. Не е познато влијанието на другите лекови врз дејството на гелот Тиросур. Не е познато дали Тиросур гел влијае врз дејството на кој било друг лек. Доколку сте бремени или доите, мислите дека сте бремени или планирате бременост, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт за совет пред да го земете овој лек. Не се достапни податоци за безбедноста при употреба на Тиросур гел во текот на бременост. Потенцијалниот ризик за луѓе е непознат поради недостиг на студии на животни. Затоа не се препорачува употреба на Тиросур гел во текот на бременоста. Не е познато дали тиротрицин или цетилпиридиниум-хлорид се излачуваат во мајчиното млеко. Затоа не се препорачува употреба на Тиросур гел во периодот на доење. Тиросур гел содржи пропиленгликол кој може да предизвика иритација на кожата.
Лекот да се чува надвор од вид и дофат на деца. Даа се чува на температура до 25°C. Лекот може да се употребува најмногу 3 месеци.