EPSILON HEALTH Нозалис релиф, спреј за нос, 20 мл
Опис на производот
Epsilon Health Nozalys Relief Nasal Spray Хипертоничен солен раствор на контролирана рН вредност.
- Со Н-ацетил цистеин и метил-сулфонил метан (МСМ)
- Индициран за дневна хигиена на носот
- Против иритација предизвикана како резултат на загадување на животната средина
- Помага да се одзатне носот, ја намалува сувоста во назалната шуплина, нежно навлажнувајќи ја нејзината внатрешност
- Помага при регулирање на носните секрети по ринореја и спречува формирање на бактериски биофилм
Пакување: 20 мл.
Содржина
Состав: вода, натриум хлорид, Н-ацетил цистеин, метил сулофнил метан (М SM), натриум бикарбонат, натриум аскорбил фосфат, динатриумова сол на етилендиаминтетраоцетна киселина, калиум сорбат, натриум бензоат, арома.
Дозирање: 2-3 прскања во секоја ноздра, 3-4 пати на ден, или почесто по потреба.
Начин на употреба:
- Извадете го заштитното капаче од спрејот
- Држете го шишето вертикално без да ја мрдате главата, нежно ставете ја прскалката на спрејот на влезот од ноздрата
- Притиснете со два прста на шишето
- Повторете ја постапката и со другата ноздра
- Исчистете ја прскалката
- Вратете го заштитното капаче
Предупредувања: Да се чува подалеку од дофат на деца. Во некои случаи, небулизацијата (прскањето) може да предизвика благо и минливо чувство на локална иритација. Избегнувајте производот да го прскате во очите. Употребата на истото шише на повеќе лица, може да го олесни преносот на инфекции. Не го користете призоводот во случај на епистакса или штотуку завршена епистакса. Да не се користи кај деца под 3 години.
Чување на производот: Чувајте го производот на собна температура подалеку од извори на светлина и топлина. Не го користете производот по датумот на истекување на рокот или ако пакувањето е оштетено. Датумот на истекување се однесува на производот правилно спакуван и правилно складиран.
Употребата на производот, особено ако е продолжено користењето, може да предизвика чувствителност. Во овој случај престанете со третманот и консултирајте се со вашиот доктор за соодветна терапија. Важно е да го известите вашиот доктор или фармацевт за било какви несакани ефекти што не се пријавени во внатрешното упатство.