EUCERIN Aquaphor Заштитен мелем 45 мл

EUCERIN Aquaphor Заштитен мелем 45 мл
614,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
044091C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Заштитен мелем за оштетена кожа - погоден за бебиња.

Заштитниот мелем за оштетена кожа ја обезбедува SOS негата којашто ѝ е неопходна на сувата, многу сува, напукната и иритирана кожа. Безводниот мелем образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата којашто го помага природниот пренос на водени молекули и кислород во и од кожата, ѝ овозможува на кожата да „дише“ и ја зајакнува нејзината природна бариерна функција. Мелемот е збогатен со глицерин и пантенол. Глицеринот е ефикасен навлажнувач којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој делува заедно со пантенолот, којшто ја хидрира кожата и помага да се забрза нејзината регенерација и обновување.

Заштитниот мевлем за оштетена кожа е без мирис и конзерванси, а со клиничките и дерматолошките студии беше докажано дека го помага обновувањето на многу сувата, распукана или иритирана кожа.

Смирувачкиот, провиден мелем е лесен за нанесување и се втрива нежно во проблематичните зони како кожата на колената и на лактите, распуканата кожа на дланките, заноктиците и распуканата кожа на петите. Содржи само неколку состојки кои добро се поднесуваат од чувствителната кожа.

Погоден е за употреба кај бебиња и деца, како и при лесни изгореници и после површни дерматолошки процедури како на пр. ласерски третмани и хемиски пилинзи. Кожата е регенерирана, заштитена и обновена.

Заштитниот мелем за оштетена кожа треба да се користи само на реепителизирана кожа (т.е. откако ќе се образува ново ткиво), а не на отворени, влажечки или рани што крвават.  Посоветувајте се со вашиот дерматолог колку долго треба да почекате после лечењето, пред да го користите производот.

Пакување: 45 мл

Содржина

Состав: Paraffinum Liquidum, Cera Microcristallina, Ceresin, Lanolin Alcohol, Panthenol, Glycerin, Bisabolol.

Употреба: Нанесувајте толку често колку што е неопходно на  засегнатите делови на кожата.

  1. Количина од производот на врвот на прстот обично е доволен за секоја рака. Истата количина е доволна за лицето и вратот на бебето.
  2. Со нежни масажни движења, со јагодиците на прстите втријте го во кожата. Мевлемот се затоплува и лесно се разнесува по кожата.
  3. Не нанесувајте на отворени, влажни рани или на рани што крвават. Почекајте кожата да се реепителизира, пред да почнете да го користите производот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се