EUCERIN Hyaluron-Filler + Volume Lift Крем за околу очи со СПФ 15, 15 мл

EUCERIN Hyaluron-Filler + Volume Lift Крем за околу очи со СПФ 15, 15 мл
1.741,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
022824C
favorite_border

Опис на производот

Eucerin Hyaluron Filler + Volume Lift Кремот за нега на кожата околу очите е наменет за секој тип на кожа. Со помош на трите активни состојки коишто делуваат на различните слоеви на кожата, тој делува против отпуштањето на кожата предизвикано од загуба на обемот, особено во деликатната зона околу очите.

Клинички тестираната формула помага за обновување и затегнување на кожата во пределот околу очите.

Добиениот по природен пат магнолол, ги зголемува големината и бројот на клетките коишто го даваат обемот* на кожата, а олигопептидите ги зајакнуваат дeрмалните врски и ја стимулираат синтезата на колаген*, со што помагаат да се спречи појавувањето на нови фини линии.

Хијалуронската киселина делува на површината на кожата. Таа ја зголемува задршката на вода и помага за измазнување на линиите предизвикани од дехидрирање, коишто вообичаено се појавуваат на надворешниот агол на очите.

СПФ15 и УВА филтерот ја заштитуваат кожата од фотостареење.

Офталмолошки тестиран, некомедоген, не содржи парабени, мирис, алкохол или вештачки бои.

*Ин витро проучувања.

Пакување: 15 мл

Содржина

Состав: вода, глицерин, етилхексил салицилат, бутил метоксидибензоилметан, синтетски пчелин восок, бутилен гликол дикаприлат/дикапрат, цетил палмитат, бехенил алкохол, хидрогенизирани коко-глицериди, метилпропанедиол, октилдодеканол, фенилбензимидазол сулфонска киселина, полиметилсилсесквиоксан, глицерил стеарат цитрат, аргинин ХЦЛ, бис-етилхексилоксифенол метоксифенил триазин, стеарил алкохол, екстракт од кора од маголија официналис, овошен екстракт од пимпинела анисум, натриум хијалуронат, карбомер, диметикон, тринатриум ЕДТА, натриум хидроксид, етилхексилглицерин, 1,2-хексанедиол, феноксиетанол.

Употреба: За надворешна употреба. За да постигнете најдобри резултати, користете го во комбинација со Eucerin Hyaluron Filler + Volume Lift Дневен крем за нормална и комбинирана кожа или Eucerin Hyaluron Filler + Volume Lift за сува кожа. Нанесете мала количина од Eucerin Hyaluron Filler + Volume Lift Крем за околу очи во зоната околу очите. Нанесете го производот со нежно тапкање со крајниот дел на средниот прст, почнувајќи од внатрешниот агол кон јагодиците.

Почекајте пет до десет минути, потоа нанесете шминка.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се