GALAFARM Canabigal Сируп со 1000 мг CBD, 20 кесички

Galafarm Canabigal Syrup CBD 1000 mg, 20 sticks kanabigal sirup so cbd
GALAFARM Canabigal Сируп со 1000 мг CBD, 20 кесички
2.162,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
059730C
favorite_border

Опис на производот

Galafarm Canabigal Syrup Сируп со 1000 мг CBD е граничен производ.

  • Природна мешавина на мед и СВD, каде што медот како подлога совршено го надополнува дејството на CBD екстрактот и допринесува за зголемување на отпорноста на организмот
  • Канабигал сирупот како главна активна компонента содржи природен прочистен СВD (Cannabidiol) добиен со екстракција од растението коноп (Cannabis Sativa L.)
  • За екстракцијата се користи современа метода на екстракција со јаглен диоксид (C02), со што се зачувуваат широк спектар на канабиноиди и терпени и други корисни состојки
  • СВD маслото од коноп е со докажано отсуство на пестициди и хербициди
  • Содржи канабиноиди, примарно CBD (Cannabidiol), но и CBN (Cannabinol), CBG (Cannabigerol) и нивните карбоксилни соединенија
  • Канабиноидите се врзуваат за СВ1 и СB2 рецепторите на ендоканабиноидниот систем и предизвикуваат имуно-модулаторен ефект (можат да го подобрат имунолошкиот систем)
  • СВD маслото од коноп исто така може да содржи и терпени, омега масни киселини (омега-3, омега-6, омега-9), флавоноиди, фитостероли, аминокиселини, гликозиди, витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е), пигменти, алкани и азотни соединенија кои се важни за метаболните процеси и целосно подобрување на општата здравствена состојба
  • CBD маслото од коноп содржи ТНС (9- delta tetrahydrocannabinol) во количини помали од 0.2%

Канабигал сирупот со ЦБД (50 мг ЦБД/5 г) помага при:

  • Состојби на стрес, анксиозност, нервоза, депресија, мускулни спазми
  • Зголемување на одбранбената способност на имунолошкиот систем
  • Гадење и повраќање, посебно за време на хемо или зрачна терапија кај малигните заболувања
  • Одржување на балансот на цревната флора
  • Ублажување на состојби на болка од различно потекло, заради неговото противвоспалително дејство
  • Може да се употребува и при превенција од кардиоваскуларни болести - помага при регулирање на крвниот притисок, подобрување на работата на срцето, делува кардиопротективно, може да помогне во регулирање на покачени концентрации на липиди и холестерол во крвта
  • Може да помогне во поткрепа на организмот при состојби со малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилепсија

Канабигал сирупот со CBD не претставува замена за стандардната пропишана терапија, а посебно не е замена за стандардната терапија при наведените заболувања.

Пакување: 20 кесички.

Содржина

Состав: 

100 г Канабигал сируп (20 кесички) содржи: 

  • 1000 мг CBD (Cannabidol екстрахиран од растението Cannabis Sativa L.)

5 г Канабигал сируп (1 кесичка) содржи:

  • 50 мг CBD (Cannabidol екстрахиран од растението Cannabis Sativa L.)

Помошни состојки: мед, пропилен гликол, арома на нане.

Употреба: единечна доза е 5 г сируп или една кесичка, со која се обезбедува 50 мг CBD. Кесичките се наменети за директна употреба или растворање во течност како на пример чај, сок, кафе, вода.

Возрасни: се препорачува да се зема по една единечна доза, 1 кесичка (5 г), еднаш на ден. Дозата може да се зголеми само по препорака на лекар.

Предупредување: немојте да го употребувате граничниот производ ако сте алергични (пречувствителни) на мед или било која состојка на производот, ако сте бремени или доите, ако сте земале алкохол или недозволени супстанции. Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт ако земате, неодамна сте земале или може да се случи да земате некој друг лек, дури и оние кои се издаваат без лекарски рецепт. Не се познати ефектите од земањето на други лекови истовремено со Канабигал сируп. Канабигал сирупот не смее да се зема истовремено со алкохол и недозволени супстанции. Употреба од страна на деца и адолесценти на возраст под 18 години се препорачува само со претходна консултација и препорака на доктор. Сирупот нема психотропно дејство и не се очекува да има влијание врз способноста за управување со превозни средства, ракување со машини или извршување на тешки и небезбедни работни задачи. Меѓутоа, поради тоа што нема доволно податоци, не се препорачува вршење на овие активности за време на употребата на Канабигал сируп. Доколку се појават знаци на претчуствителност, престанете со употреба на производот. 

Да се чува на температура од 25°C, заштитено од директна светлина, топлина и влага. Да не се замрзнува. Чувајте го на места недостапни за деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се