GALAFARM GalaHealth Настинка и грип, гранули за возрасни, 8 кесички

Galafarm GalaHealth Cold & Flu, 8 Sachets nastinka i grup
GALAFARM GalaHealth Настинка и грип, гранули за возрасни, 8 кесички
268,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
059729C
favorite_border

Опис на производот

Galafarm GalaHealth Cold & Flu Настинка и грип за возрасни, е лек во форма на перорален раствор во кесичка.

Индициран за третман или олеснување на симптомите при настинка, воспаление на слузницата на носот (ринит), на носот и грлото (ринофарингит) и состојби слични на грип кај возрасни (15 години и постари):

  • Со бистар назален исцедок и солзење на очите
  • Со кивање
  • Со главоболка и/или треска

Овој лек не содржи шеќер.

Пакување: 8 кесички.

Содржина

Состав: 

Супстанции Една (1) кесичка
Парацетамол 500 мг
Аскорбинска киселина 200 мг
Фенирамин малеат 25 мг

Помошни супстанции: манитол; лимонска киселина; повидон; калиум ацесулфам; магнезиум цитрат; арома малина.

Употреба: содржината на кесичката треба да се земе во доволна количина топла или ладна вода. За лекување на состојби слични на грип, се препорачува употреба на лекот растворен во топла вода, навечер. Се зема 1 кесичка и доколку е потребно дозата се повторува после најмалку 4 часа, водејќи сметка да не се земе повеќе од 3 кесички на ден. Секогаш користете го лекот онака како што Ви е препорачано од Вашиот лекар или фармацевт. Терапијата не смее да трае подолго од 5 дена.

Дозирање:

Возраст (тежина) Доза по администрација Интервал на употреба Максимална дневна доза
Возрасни и деца над 15 години (над 50 кг) 1 кесичка
(500 мг парацетамол, 200 мг аскорбинска киселина, 25 мг фенирамин малеат)
4 часа минимум 3 кесички (1500 мг парацетамол, 600 мг аскорбинска киселина, 75 мг фенирамин малеат)

Никогаш не надминувајте доза од 3000 мг парацетамол дневно, повисока доза може да има сериозни последици врз Вашиот црн дроб. Пациенти со ренална и хепатална инсуфициенција, ако треба да го користите овој лек, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Предупредување: 

Не ги употребувајте GalaHealth® Настинка и грип, гранули за припрема на перорален раствор во кесичка во следните случаи: ако сте деца помлади од 15 години, ако сте алергични (преосетливи) на активните супстанции или на некоја од помошните супстанции на лекот, ако имате одреден облик на глауком (зголемен притисок во очното јаболко), ако имате отежнато мокрење како последица на заболување на простата или други заболувања, ако имате сериозно заболување на црниот дроб, бидејќи лекот содржи парацетамол. Ако имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Неопходно е строго да се почитува дозата, времетраењето на терапијата до 5 дена и контраиндикациите. Во случај на предозирање или ако сте употребиле поголема доза од лекот одошто е потребно, веднаш консултирајте го Вашиот лекар.

Овој лек содржи парацетамол и фенирамин малеат. И други лекови ги содржат овие супстанции, вклучително и оние добиени без рецепт. Не комбинирајте останати лекови кои содржат парацетамол и/или фенирамин малеат или други антихистаминици, и/или витамин Ц без медицински совет. Ако се сомневате, консултирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

При употребата на овој лек постои ризик од поспаност или намалено внимание, ова е особено важно за лица кои возат и ракуваат со машини. Можноста за оваа појава се зголемува при употреба на алкохол, лекови кои содржат алкохол или седативи.

Овој лек содржи натриум, помалку од 1 mmol (23 мг) по кесичка т.е. би можело да се каже “без натриум”. Овој лек содржи манитол кој може да има благ лаксативен ефект.

Ако сте употребиле поголема доза од лекот GalaHealth® Настинка и грип, гранули за припрема на перорален раствор во кесичка веднаш треба да се посоветувате со Вашиот лекар или фармацевт. Предозирањето може да биде фатално. Во првите 24 часа, главните симптоми на труење се: гадење, повраќање, малаксаност, абдоминална болка. Ако сте заборавиле да го земете лекот GalaHealth® Настинка и грип, гранули за припрема на перорален раствор во кесичка, не земајте дупла доза за да ја надоместите заборавената доза.

Во случај на гноен назален исцедок, долготрајна треска или болка која трае подолго од 3 дена од третманот или нема подобрување и по 5 дена од третманот, консултирајте го Вашиот лекар.

Информирајте го лекарот или фармацевтот пред да го земете овој лек доколку нешто од следното се однесува на Вас: возрасни со телесна тежина помала од 50 кг, ако имате заболување на бубрезите или црниот дроб, во случај на злоупотреба на алкохол, ако имате проблеми со исхраната (малнутриција), (ниски резерви на хепатален глутатион), ако сте дехидрирани, ако имате акутен вирален хепатитис или ако истиот е дијагностициран за време на третманот со GalaHealth®Настинка и грип. Витаминот Ц треба да се користи со претпазливост кај пациенти со нарушувања на метаболизмот на железо и лица со недостаток на гликоза-6-фосфат дехидрогеназа. Парацетамолот може да предизвика сериозни кожни реакции. Престанете со терапијата и веднаш контактирајте го Вашиот лекар доколку развиете осип на кожата или кој било друг знак на алергија. Кај дете третирано со парацетамол, комбинацијата со друг антипиретичен лек е оправдана само во случај на неефикасност. Комбинацијата мора да биде иницирана и надгледувана од лекар без исклучок.

Информирајте го Вашиот лекар или фармацевт ако користите, неодамна сте користеле или можеби ќе користите други лекови, вклучувајќи ги и оние кои не се на лекарски рецепт и хербалните лекови. Контактирајте го Вашиот лекар ако земате лек кој ја забавува коагулацијата на крвта (орални антикоагуланси). При високи дози, GalaHealth® Настинка и грип, гранули за припрема на перорален раствор во кесичка може да ги зголеми ефектите на Вашиот антикоагуланс. Доколку е потребно Вашиот лекар ќе ја прилагоди дозата на антикоагулансот. Контактирајте го Вашиот лекар доколку користите флуклоксацилин (антибиотик), поради сериозен ризик од појава на абнормалности во крвта и плазмата (висока анјонска метаболна ацидоза) која бара итен третман и која може да се појави особено во случаи на тешка бубрежна инсуфициенција, септикемија (кога бактериите и нивните токсини циркулираат во крвта предизвикувајќи оштетување на органите), неухранетост, хроничен алкохолизам и доколку се користат максималните дневни дози на парацетамол. Пријавете дека Вие или Вашето дете го земате овој лек доколку Вашиот лекар Ви препише тестови за мочна киселина или шеќер во крвта за Вас или Вашето дете. За време на третманот треба да се избегнува користење натриум оксибат, алкохолни пијалоци и лекови кои содржат алкохол. Контактирајте го Вашиот лекар ако земате други атропински лекови, други седативни лекови, антихолинестераза лекови или опиоиди.

Овој лек може да предизвика поспаност која е зголемена со алкохол: се препорачува да се започне третманот навечер и да не се користи алкохол за време на третманот.

Ако сте бремени или доите, се сомневате дека сте бремени или планирате да забремените, мора за тоа да го информирате Вашиот доктор. Не се советува да се зема лекот за време на бременост. Не се советува да се зема лекот за време на доење. Парацетамолот може да ја наруши плодноста кај жените, преку негово влијание врз овулацијата. Ова е реверзибилно по прекин на третманот.

Да се чува подалеку од дофат на деца! Да се чува на температура под 25°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се